10.7.09

Кратка македонска историја со археологија (од палеолит до антика) (2)

Во Македонија се живеело од древнина. Остатоци од тоа живеење се пронаоѓаат секојдневно, особено во последно време откако македонската археологија заживеа. За жал, голем број вредни артефакти се наоѓаат во музеите на соседите (Србија и Бугарија) кои ги земале од тука во времето на нивна окупација. Уште поголем број примероци се изнесени и се изнесуваат, односно продаваат од самите Македонци (со помош на дивите копачи) за лична заработувачка. Еден дел се чуваат во приватни колекции. Голем дел од пронајдоците никогаш не се прикажуваат во јавност (се чуваат во музејски депоа), а јас најмногу жалам што многу малку се фотографирани и објавени на интернет - за да бидат достапни за сите.
Тука, кратко и илустрирано ќе започнам со македонскиот палеолит, а во следните постови ќе ја прераскажам и поновата македонска историја.




Палеолит (650 000 – 10 000 г.п.н.е.)













На територијата на Македонија има остатоци од животот во палеолитот во вид на камени орудија. Во клисурата Пешти (кај Велес) – во 10 пештери има остатоци од палеолитот особено во пештерата „Голема Пешт“ (кај село Здуње).







Неолит (7000 – 3500 г.п.н.е.)

Во Македонија има густа концентрација на неолитски населби. Само во Скопје ги има: Тополичане, Анза, Говрлево, Маџари, Зелениково, Породин...
Во табелата се дадени периодите на живеење во овие неолитски населби:



Наоди од овие неолитски населби има во Музејот на Македонија (под Кале) и во Музејот на Скопје (стара железничка станица - од Говрлево). Реконструкција на неолитско село има во населбата Ченто - Тумба Маџари.
Македонскиот неолит се карактеризира со култ кон Големата Мајка - серодителка. Само во Македонија има ваков тип на фигури пронајдени речиси во сите неолитски наоѓалишта, но можеби најубава е Големата Мајка од Тумба Маџари:





Таа е дотерана, накитена со алки, со прекрасна фризура. Долниот дел од фигурата ја претставува куќата (домот) заштитена од мајката.
На врскава можете да ја видите Големата Мајка од Говрлево или да прочитате нешто повеќе за македонските Големи Мајки.
Во Говрлево (од другата страна на Водно) се пронајдени многу интересни артефакти. Пред се фигурата на машкото торзо, наречена Адам од Говрлево стара повеќе од 7000 години,






машкиот портрет,




и можеби најзначајниот - керамичкиот печат
кој е доказ за постоење на напредна цивилизација и држава 5000-6000 г.п.н.е.





и отисокот каде распознаваме кирилични букви: сл с бо см (сал со бога сум - само со господ сум).





Реконструкција на неолитска населба е направена во Скопје (Тумба Маџари):







Енеолит (4500 – 2000 г.п.н.е.)




Многубројни се и енеолитските населби во Македонија:
Скопско Кале, Врањак (Скопско), Шуплевец, Бакарно Гумно, Црнобуки, Висок Рид, Горни Висои, Крушеанска Чука, Тумба-Карамани (Пелагонија), Устие на Дрим и "Црквени Ливади“ (Охридско), Костоперска Карпа (Кумановско) итн. Од овој период поинтерсени артефакти се женското торзо со изразени облини и тетоважа:




и жената која седи:




Сега тие се наоѓаат во Музејот на Македонија (а во тамошната продавница можете да си купите реплики).

Во Мрамор, Чашка, Прилепско е пронајден интересен артефакт: топчестата флејта




Бронзено време (2000 – 1200 г.п.н.е.)




На целата територија од Македонија има наоди од Бронзеното време. Артефактите покажуваат тесна врска со животот на југ, односно Егејскиот дел на Македонија.








Железно време (1200 – 600 г.п.н.е.)




Раното Железно време го карактеризираат предмети како од Микенската култура (меч во Тетово и керамички садови во Демир Капија).
Најпозната од овој период е скулптурата „Тетовската Менада“ како најава на Античкиот период:



Во овој период активен бил животот во наколната населба крај Градиште (Охридско), во Заливот на коските, реконструирана минатата година:





Античкомакедонски период (V – II в.п.н.е.)




Ова е најславниот период од македонската историја, тоа е времето на Македонската империја на Александар Македонски.
Локалитети: Исар – Марвинци, Демир Капија, Охрид, Жданец, Вардарски Рид итн.

Во Исар Марвинци е пронајден шлем од античкиот период:



малата фигура на „грчкото“ божество со типично грчко име Силен,



и многу други.

Продолжува... (Античка Македонија)