30.8.09

Ширење на христијанството

Римското Царство во 395 година се дели на Западно и Источно. Западното брзо се распаѓа, додека Источното, прво со центар во Визант, а потоа во Константинопол (денешен Истанбул кој тогаш името го добил според Константин Први) се развива и проширува. Основната карактеристика на ова царство е ширењето на христијанството и тоа православието.
Особено значаен владетел е Јустинијан Први, кој ја проширил територијата и воспоставил цврста власт.
Овој период е наречен Ранохристијански кој во Македонија оставил многу траги.
Христијанството во Европа почнува да се шири од Македонија.

Во „Библијата“ зборот Македонија се споменува 20 пати:

Дела Ап.:
16:9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”
16:10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.
16:12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
18:5 А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше подбудуван во духот ревносно да сведочи на Јудејците дека Исус е Месија.
19:21 Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”
19:22 И испрати во Македонија двајца свои помошници, Тимотеја и Ераста, а самиот остана уште некое време во Азија.
20:1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.
20:3 Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.
Римјаните:
15:26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.
1 Коринтјани:
16:5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;
2 Коринтјани:
1:16 и преку вас да поминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, и вие да ме испратите за Јудеја.
2:13 немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.
7:5 Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.
8:1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија;
11:9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сè, и ќе се пазам, да не ви бидам товар.
Филипјани:
4:15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.
1 Солунјани:
1:7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.
1:8 Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.
4:10 а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе
1 Тимотеј:
1:3 Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку

Всушност, Апостолот Павле дошол во Македонија, и од тука почнал да го шири христијанството.
Од првите векови на ширењето на христијанството во Македонија има остатоци од пештерни цркви (пештерни цркви крај Охридското Езеро) кои биле градени во високите карпести предели за да се засолнат од противниците.
Во сите наши антички населби (од римско време, 1.2.3.4. век, 5. 6. со Јустинијан) има ранохристијански базилики (во врска со ова има во претходните постови).
Традицијата на христијанството во Македонија е непрекината. Во 6. и 7. век карактеристични се откриените уникатни теракотни икони од Виничкото кале. Вакви икони не се откриени на ниедно друго место во светот.






Во 8. и 9. век започнува ширењето на христијанството на словенски јазик (Кирил и Методиј), кое особено се зацврстува во Охридскиот регион (Климент и Наум).
Во 1204 година Крстоносните војни го опустошуваат Константинопол кој успева да се поврати со прекини до 1453 година кога Осмалиите го освојуваат и ја оформуваат новата Империја - Отоманската.

25.8.09

За време на Римското Царство (7)

На почетокот од римското владеење (168г.п.н.е.) Македонија имала делумна независност, но само дваесетина години подоцна таа ќе биде претворена во Римска колонија. Следните векови ќе доживее неколку административни реформи кои во 4 век ќе резултираат со поделба на две провинции: Macedonia Prima со центар во Солун и Macedonia Secunda со центар во Стоби.
Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теренот на новоосвоената Дарданија, веројатно во 13-11 год. пр. н.е. Подоцна, во време на царот Домицијан (84-85год.) Стоби добил статус на колонија и неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum. Во текот на II век, Скупи добива особено репрезентативен лик, при што централно место зазема монументалниот театар кој не е целосно откриен, а е најголемиот во Македонија и собирал 9000 гледачи.


Дел од големата базилика во Скупи,

бањата,


Градот Скупи најверојатно не бил поштеден од страотните разурнувачки напади на Хуните во 447 год., а во 518 г. Скупи настрадал во катастрофален земјотрес, забележан во Хрониката на Марцелин Комес.


Во ова време е изграден и скопскиот аквадукт. Денес, дел од аквадуктот може да се види, но пристапот е лош, а нема ниту еден единствен знак дека тука постои такво нешто.
Погледнете го проектот на Институтот за информатика (дигитализација на националното богатство) за скопскиот аквадукт. Супер е.
За жал, аквадуктот е во лоша состојба, со разјадени столбови,





обраснат со треви,





а на единствениот реставриран дел се потпишал Арменд.
Па ете сме јас и Арменд заедно.


Посетители кај овој монументален споменик од римско време нема. Единствени чувари на аквадуктот беа кравите кои ја држеа неговата сенка.




При распадот на Римското Царство, односно поделбата на Западно и Источно Царство најзначајната фигура од Источното Римско Царство (Византија) е Јустинијан Први.


Долги години се барал локалитетот Таурисиум од каде потекнувал Јустинијан и каде изградил голем и убав град, претпоставувајќи дека тоа е некаде во Србија. Местото Таурисиум било во близина на Бадеријана. Македонскиот комплекс на помала вредност (за жал) никогаш не ги поврзала Таурисиум со селото Таор и Бадеријана со Бадер (села во близина на Скопје).
Пред повеќе од сто години требаше англискиот патеписец Артур Еванс да дојде и да ни каже дека Таурисиум е Таор и дека тука некаде мора да е Јустинијана Прима. И навистина пред неколку години откриен е локалитетот Таор.


Јустинијан е познат како кодификатор на римското право кое е основа на денешниот правен систем. Тој е возобновувач на Римското Царство, човек кој го промовира христијанството и ја изградил Света Софија во Истанбул.


24.8.09

Археологијата во Македонија (6)

Според последните податоци (од 2006г.з.м.), Македонија поседува 7.081 недвижен споменик од кои 4.293 се археолошки локалитети, 992 цркви и манастири со над 150.000 метри квадратни фрескосликарство, над 22.855 икони и 240 иконостаси, балдахини и владички тронови изведени во резба, објекти од рурална (220) и урбана (379) архитектура, 47 кули, бедеми и мостови, 12 урбани и рурални ансамбли, 188 објекти од стопански карактер, 1.000 споменици и спомен-обележја, 228 објекти од османлиска архитектура (џамии, анови, амами, стари чаршии и сл).Музејските и галериските колекции содржат над 500.000 експонати (археолошки и етнолошки предмети, предмети од историско значење, како и предмети од применета уметност).Во 1980 година во Листата на споменици под заштита на УНЕСКО е внесен и регионот на Охрид со езерото и културното наследство на градот и потесната околина.Mакедонските градови од периодот на антиката се наш најголем трезор.
Ова е причината поради која на вакво место не можат да се претстават значајните (и другите) археолошки локалитети во Македонија. Во минатиот пост ги споменав само Хераклеа и Стоби и само што го направив тоа, не можев да си простам што не ги ни споменав Лихнид (Охрид), Баргала, Скупи, Стибера, или претходно Исар Марвинци, Вардарски Рид, Вилазора и многу, многу други.
Затоа, ако ве интересира разгледајте ги предложените линкови.

Македонија во Римското Царство (5)

Откако Македонија била поразена од Рим, станала Римска Провинција Македонија. (Ни големиот Рим не го променил името на Македонија). Бидејќи се наоѓа во срцето на Балканот, Македонија е крстосница и алка која ги спојува истокот со западот, северот со југот.
Според археолошките пронајдоци во Македонија јасно се гледа дека во тој период Римјаните вложуваат во изградба на патишта кои го поврзувале Рим со Истокот, а со тоа процутеле и крајпатните населби.
Најзначаен римски пат изграден врз стариот македонски е Виа Игнација кој минувал низ јужниот дел на денешна Македонија (односно низ Централна Античка Македонија).



Остатоци од Виа Игнација има во Македонија, кај Струга,



во Радожда:



Крај овој пат и старите населби стануваат богати и големи градови. Особен процут доживува Хераклеја Линкестис.


Се смета дека градот го основал Филип Втори Македонски (или Филип Петти), но особено се развива во римскиот период.
Освен големиот амфитеатар,


во Хераклеа вреди да се видат мозаиците во Малата и Големата Базилика од ранохристијанскиот период.




Малку понасевер, на патот кој го поврзувал Дунав и Егејското Море, меѓу Вардар и Црна Река се наоѓа археолошкиот локалитет Стоби. Стоби е стар Пајонски град кој се развил во времето на Римското Царство.

(линк за проект од ии)


И денес Стоби е идеално место за посета. Локалитетот е речиси пресечен со автопатот кој води кон нашиот јужен сосед. Направени се одлични приоди, влезот е бесплатен, но посетители сепак нема. Автомобилите само си поминуваат крај (над) стариот град, тивок и незабележан. (Недостасуваат реклами и продажба на приказната).
А, во Стоби навистина има што да се види:




Локалитетот е подготвен за посетители. Патеките се добро уредени, натписите се јасни, има клупи за седење и автентични корпи за смет.




Градбите се добро сочувани, а богатите куќи со мозаици:


Восхитуваат мозаиците во базиликите,




Римскиот форум,


затворот, коцкарницата, бањите, градската чешма,



и прекрасната крстилница со најубавиот мозаик (детаљот со паунот од десетденарката). Објектот моментално е недостапен за јавност.

Во Стоби можете да го почувствувате Стариот Рим, а кога ќе се вратите во реалноста, крај локалитетот има симпатично кафеанче каде може да се освежите и да се напиете кафе. Ако минувате по автопатот, не го одминувајте Стоби!



Распадот на Македонската Империја (4)

По смртта на Александар Македонски, Македонската Империја била поделена на три дела (или четири?).




Со зелена боја е означена територијата со која ќе владеат Антигонидите (кусо и Антипатридите) - Кралството на Касандар; со светло кафена (Тракија и Мала Азија) е Кралството на Лизимах; со окер е Кралството на Селевк и со сина е Кралството на Птоломеј.
Династијата на Антигонидите владеелa со Царството до 168г.п.н.е. кога по Трите Македонско-римски војни Македонија била поразена.
Селевк и неговите наследници ја зачувале Империјата малку подолго, односно до 63г.п.н.е. кога таа станала Римска територија Сирија.
Птоломеидите во Египет се најпознатата Македонска династија (особено заради Клеопатра) кои потпаднале под римска власт најдоцна, односно во 30г.п.н.е.

11.8.09

Античка Македонија (3)

Зошто е толку посакувана историјата на Античка Македонија?

Во античкиот период единствен лик кој заслужува историска почит е Александар, односно Филип Македонски. Империјата што ја создаваат, освен освојувачки (приграбувачки) има и романтичен аспект, односно ја промовираат идејата за обединување на сите луѓе и почитување на разликите (што човештвото до ден-денешен не може да го оствари).
Како се создава Македонската Империја?
Филип Македонски ја проширува македонската територија, но уште позначајно е тоа што создава добро платена професионална војска која ја обучува за нови начини на војување - македонската фаланга.



Филип на неколку наврати се обидува со дипломатски средства да ги потчини грчите градови-држави, но тие не се сложуваат да му се потчинат на „варваринот“, па затоа тој воено ги победува. Конечната пресметка се случува во Херонеја на 2. август 336 г.п.н.е. кога Филип Втори Македонски ги победил здружените сили на Атина и Теба. Александар бил заповедник на левото крило и го победил најпознатиот Тебански одред. Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.
Огромниот лав кој се уште стои во Херонеја според едни е поставен од страна на Филип во чест на храброста на тебанските војници, но сепак поверојатно е дека е поставен поради големата победа на Македонците врз здружените градови-држави.

По смртта на Филип, Атина се понадевала дека ќе се ослободи од македонската власт, но Александар решително воено ги потчинува и тие стануваат дел од војската со која Александар го освојува целиот источен свет (Персија и стигнува до Индија).

Македонците никогаш не биле себични во однос на оваа античка историја. Оваа историја е историја на целиот Балкан, на сите народи што тогаш живееле на оваа територија, историја на целиот свет. Но, откако Грците сакаат да си ја присвојат само за себе, кај нас се создава извесен револт. Грците без оваа историја, немаат никаква историја. Филозофите како Платон, Демостен и другите не се историја, тие се култура. На Грците им фали историја за да докажат дека се единствениот корен на целиот свет. Затоа го присвојуваат Александар, затоа ја присвојуваат Античка Македонија, затоа ја присвојуваат сегашна Македонија. (И заради имотите на нашите луѓе од Егејска Македонија).