18.7.10

Златен град

Не знам како е денес со Цеца во Прилеп, ама џабе стравуваа и критикуваа (однапред) дека ќе биде неорганизирано и хаос за Пивофестот. Јас сум многу пријатно изненадена од организацијата, атмосферата и сето она што се случува овие денови таму. За паркинг нема проблем, сите улици во центарот се затворени и претворени во паркиралиште, за спиење, ако не сте се снашле на друг начин, паркот кај Могилата е отворен и слободен за шатори, а има и луѓе кои ве насочуваат каде да се сместите (и вода и тоалет си има). Браво Прилеп!
Откако видоа дека на прилепчани им тргна работата со пивофестот, и скопјани си направија свој, па и охриѓани. Не знам само што чекаат битолчани или може им е под чест да ги имитираат комшиите. Како и да е, Прилеп оди напред, а Битола пропаѓа.

11.7.10

Што криеме? (Кале и Куршумли ан - Скопје)

Последниве двапати кога си го носев апаратот и необавезно си штракав со него ми се случи тоа да ми го забранат - да ме спречат да сликам.
Првиот пат бев до Кале. Не сум била цела година и пријатно бев изненадена колку е ископано. 
Скопско кале
Скопско кале
Скопско кале
Скопско кале
Скопско кале
Скопско кале

Уживав во зајдисонцето и градот излезен од под земја. Немаше речиси никој. Си сликав спокојно воодушевувајќи му се на секое старо камче, на секое ѕитче. Кога тргнав да излегувам, крај вратата кај паркингот имаше наредени многу парчиња мермерни и други плочи со натписи и цртежи. Некои беа стари (тука оставени уште пред десетина години), а некои нови. Новите беа претежно испишани со арапски букви, но беа интересни, па сакав да ги сликам. Еееее, тогаш се затрча еден човек и ми рече дека сликањето е забрането. „Зошто?“ - го прашав, а тој ми вели: „Ништо од ова уште не е објавено“. Офффф, мори мајко! „Па тогаш, да дојдам за 50-100 години да сликнам, може до тогаш ќе ги објават“ реков цинично, изнервирана од она што е типично кај нас. Толку многу работи - а сите ги чуваме скриени во депоа, необјавени, нефотографирани - непознати. Баш се разочарав.
И немаше да го пишувам ова, да не ми се случеше по два дена повторно.
Многупати сум сакала да влезам во Куршумли ан, да го видам и да ги видам изложените експонати од времето кога тој беше дел од Музејот на Македонија, но затворен е. Но, во петокот, за проектот против глобалното затоплување, анот беше отворен и таму се случуваше приредбата. 
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Мустафа-пашина џамија
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан

Дојдов порано, ги разгледав сите простории во приземјето (се плашев да се качам на кат, за да не ме избркаат) и влегов во дворот. Таму имаше параван кој беше подотворен и јасно беше дека не смеам, ама не можев да одолеам а да не влезам. Се обраснато во трева и дрвја, запуштено, оставено. Мермерни гробови, надгробни плочи, разни фигури... наредени и обраснати во трева. 
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан

Полека се движев очекувајќи секој момент да дојде некој и да ме искара. Влегов во една просторија - чудесно! Дрвјата се извишуваа до отворениот кров, артефактите обвиткани со лијани, подот послан со непотребни работи од канцеларии - се на едно место. 
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан
Скопје - Куршумли ан

Се почувствував како во филм. Тука никој не влегол со години. Жално, жално, жално...
Скопје - Куршумли ан
 
Излегов пак во дворот - и таму ме дочека човекот што ми забрани да сликам. Тука не стануваше збор за необјавени работи - тука стануваше збор за нашиот срам. И она што некој некогаш го средил - ние го уништуваме и го оставаме да пропаѓа. Без реклама, без приказна, без цена...
А, и уште нешто. Мене ми забрануваат да сликам, а никој ништо не им рече на 2 Албанчиња кои туркаа и си играа со еден камен, но не обичен, тоа беше изложен камен, кој тие си го нашле и си го преместуваа кај што си сакаа (за нив камен е камен, без разлика што на него има натпис, да претпоставиме од 2 век). Не можев ни да ѕирнам за што станува збор од што ми беше мака...

И, што криеме? Што не смееме да сликаме? Нашата беда, неспособност, непочитување на самите себе, што?

10.7.10

Овци ли сме, луѓе ли сме?

Вчера набљудував една смешна случка којa е одлика на човештвото.
Бев во Куршумли ан да ја гледам ќерка ми и патем да сликнам нешто. Кога заврши случувањето застанав крај вратата да ги почекам останатите да дојдат. 

Во меѓувреме, некој ја подзатворил вратата. Поточно, од двете крила на портата едното беше подотворено, а другото затворено. На подотвореното има мала вратичка низ која може да се протне човек. 

Првите луѓе што сакаа да излезат се обидоа да ја отворат подотворената врата и откако не успеаја решија да се протнат низ малото вратиче. Следните луѓе повторно се обидоа и откако не успеаја и тие се протнаа. По нив веќе никој не се обиде да ја отвори вратата, сите се протнуваа мали и големи, со точак, секако... 

Јас сеирџиски ги гледав и ги сликав. Откако се испротнаа повеќе од половина, дојде еден човек од спротивната страна, кој влегуваше во анот и со леснотија ширум го отвори другото крило. Иако веќе ширум отворено, уште една група, поведена од реката излегувачи сè уште се протнуваше низ вратичето. Чудна работа!!!
Ова е само една случка - но целосно го отсликува човекот. Ако го сфатиме ова поинаку, ментално, суштински - што ќе заклучиме?
Многу малку се обидуваме да дојдеме до целта и до нови сознанија (двапати?? па се откажуваме), а ретко кога го бараме другиот пат (ни се чини дека вратата е затворена).
Сите ние сме како овци - каде оди овенот водач, таму сите останати. Никогаш не го гледаме вистинскиот излез, вистинскиот пат, туку секогаш го следиме „водачот“ - зашто така е полесно!