30.9.10

Патување низ Македонија - Охридско Езеро (Извори Св. Наум)

Охридското Езеро е старо околу четири милиони години, настанато со тектонско поместување на почвата. Денес само Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка може да се споредуваат по старост со нашето Охридско Езеро.
Според начинот на создавање е интересна реткост – настанато е со вертикално пропаѓање на почвата, како Бајкалското Езеро во Сибир, и со него споделуваат сличен ендемичен растителен и животински свет.
Со својата единствена флора и фауна Охридското Езеро е еден од најголемите биолошки резервати на Европа. Во него се зачувал прастар жив свет кои во други места воопшто не постои или се зачувал во фосилна форма.
Во езерото има 17 вида риби кои им припаѓаат на три групи: пастмки, бели риби и јагули.. Десет видови од охридските риби се ендемични (најпознати се пастрмките летница и белвица).
Бистрината на водата е вистинска реткост и е 22 метри, за што помагаат бројните подводни изворчиња сместени долж источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од Преспанското Езеро кое се наоѓа на поголема надморска височина, и е исто така создадено со тектонско поместување на почвата.
Најпознати извори се Студенчишта, попознати како Билјанини извори, но поживописни се изворите кај Свети Наум кои излегуваат од варовитите спили во подножјето на планината Галичица.
Најпрвин водата се собира во езерце со две островчиња, прекрасно уредени со кафеани и гости кои уживаат во убавината на природата...

извори Св. Наум - St. Naum
извори Св. Наум - St. Naum

извори Св. Наум - St. Naum

извори Св. Наум - St. Naum

извори Св. Наум - St. Naum
извори Св. Наум - St. Naum
извори Св. Наум  Охрид - St. Naum
извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

а потоа водата преку куса брза рекичка се влева во Охридското Езеро.
извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

Овие извори се една реткост во Македонија и во друг поглед. Не сум сретнала до сега нешто кај нас така да се чува како овие извори. Пловење по езерцето е дозволено само со чамци без мотор, водата не се загадува со ништо...

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

рибите не смеат да се ловат, па затоа си пливаат без страв од никого...

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum
 Убавината на изворите е во кристалната студена вода, во проѕирноста и одблесокот...
Преубавата природа просто морала уште еднаш да се појави - и горе и долу - за да ве обземе од сите страни...
извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

извори Св. Наум  Охрид - St. Naum

28.9.10

Патување низ Македонија - Охрид

Охрид - Ohrid
Иако има прекрасни места во Македонија, сепак Охрид се смета за бисер. И со право. Езерото, градот, градската архитектура, шеталиштето, многубројните цркви и манастири, археолошките наоѓалишта, плажите, ридовите, планините во околината, изворите... сè е прекрасно. 
За жал, и без навреда, ама во секоја шега има половина вистина, па и во оваа:

Кога Господ го создавал светот направил многу убавини, но до него постојано бил ѓаволот кој го молел да му дозволи барем нешто и тој да направи. Господ не сакал ни да слушне, кај се давало на ѓавол да прави господови работи? Но, упорниот ѓавол постојано му досадувал и кога Господ се изморил, му рекол:
- Јас ќе дремнам малку и ќе ти дадам можност да го уредиш ова мало парче земја.
Се сместил Господ под едно дрво, а ѓаволот веднаш се зафатил со работа. Направил езеро со најбистра вода, високи планини со најразлични растенија, градел куќи, цркви и манастири и кога завршил, горд на убавината што ја создал го разбудил Господ да види.
И навистина прекрасно, Господ си ги протрил очите, не му се верувало дека ѓаволот може да создаде таква убавина.
- Браво, - викнал воодушевено, - ОХРИД, навистина убаво си го направил, сум згрешил што сум немал доверба во тебе. Ама како е можно ова ти да го направиш? Кажи, што не гледам? Што е ѓаволската работа во ова?
- Хихихихихихихи, - почнал да се смее ѓаволот, - убаво е, сè е убаво, ама чекај да ги видиш охриѓани...

За Охрид ќе ми треба да пишувам безброј постови, но бидејќи веќе има многу напишано, јас ќе се ограничам на неколку... за езерото, за изворите и за наколната населба, и за по некоја црква...

Куќите во Охрид се како кутивчиња, подредени како на макета, сите свртени кон езерото и кон сонцето...
Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

а над нив гордо се извишува Самоиловата тврдина...

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

 Куќите се обновуваат во стариот, традиционален стил...

Охрид - куќата на Робевци - Ohrid


пополнувајќи го секое празно место на ридот...

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

Охрид - Ohrid

меѓу сегашноста и минатото...

Охрид  амфитеатар - Ohrid