11.8.09

Античка Македонија (3)

Зошто е толку посакувана историјата на Античка Македонија?

Во античкиот период единствен лик кој заслужува историска почит е Александар, односно Филип Македонски. Империјата што ја создаваат, освен освојувачки (приграбувачки) има и романтичен аспект, односно ја промовираат идејата за обединување на сите луѓе и почитување на разликите (што човештвото до ден-денешен не може да го оствари).
Како се создава Македонската Империја?
Филип Македонски ја проширува македонската територија, но уште позначајно е тоа што создава добро платена професионална војска која ја обучува за нови начини на војување - македонската фаланга.



Филип на неколку наврати се обидува со дипломатски средства да ги потчини грчите градови-држави, но тие не се сложуваат да му се потчинат на „варваринот“, па затоа тој воено ги победува. Конечната пресметка се случува во Херонеја на 2. август 336 г.п.н.е. кога Филип Втори Македонски ги победил здружените сили на Атина и Теба. Александар бил заповедник на левото крило и го победил најпознатиот Тебански одред. Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.
Огромниот лав кој се уште стои во Херонеја според едни е поставен од страна на Филип во чест на храброста на тебанските војници, но сепак поверојатно е дека е поставен поради големата победа на Македонците врз здружените градови-држави.

По смртта на Филип, Атина се понадевала дека ќе се ослободи од македонската власт, но Александар решително воено ги потчинува и тие стануваат дел од војската со која Александар го освојува целиот источен свет (Персија и стигнува до Индија).

Македонците никогаш не биле себични во однос на оваа античка историја. Оваа историја е историја на целиот Балкан, на сите народи што тогаш живееле на оваа територија, историја на целиот свет. Но, откако Грците сакаат да си ја присвојат само за себе, кај нас се создава извесен револт. Грците без оваа историја, немаат никаква историја. Филозофите како Платон, Демостен и другите не се историја, тие се култура. На Грците им фали историја за да докажат дека се единствениот корен на целиот свет. Затоа го присвојуваат Александар, затоа ја присвојуваат Античка Македонија, затоа ја присвојуваат сегашна Македонија. (И заради имотите на нашите луѓе од Егејска Македонија).

No comments:

Post a Comment