Втората половина од 19. век е време кога соседите формираат (со туѓа помош) свои самостојни држави. Во тоа време и Македонците ја посакувале својата слобода и својата самостојност.
Еден од првите кои ја промовираат идејата за самостојна Македонија и формирање посебен македонски литературен јазик е Ѓорѓија Пулевски.
Тој 1888 г. ја оформил Словеномакедонската книжевна дружина.
Со истата идеја, две години подоцна во Софија се формира нова дружина.
Всушност, во тоа време околу 40 ученика биле избркани од (бугарските) егзархиски училишта во Македонија. Тие примамени од бесплатното школување кое го нудела Србија заминуваат во Белград, но не можејќи да ја прифатат ни големосрпската политика заминуваат во Софија каде ја создаваат
МЛАДАТА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА.
Еден од првите кои ја промовираат идејата за самостојна Македонија и формирање посебен македонски литературен јазик е Ѓорѓија Пулевски.
Тој 1888 г. ја оформил Словеномакедонската книжевна дружина.
Со истата идеја, две години подоцна во Софија се формира нова дружина.
Всушност, во тоа време околу 40 ученика биле избркани од (бугарските) егзархиски училишта во Македонија. Тие примамени од бесплатното школување кое го нудела Србија заминуваат во Белград, но не можејќи да ја прифатат ни големосрпската политика заминуваат во Софија каде ја создаваат
МЛАДАТА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА.
Програмските принципи на Дружината, напишани 1892г. се:
„ ...човекот има потреба од татковината и од народот, но и татковината има потреба од човекот; денес татковината има потреба од нас.“
„ Благодарение на последните политички настани на нашиот Полуостров и географската положба на Македонија, денеска таму се собрале севозможни надворешни елементи кои, воодушевени од своите за нашата иднина разурнувачки планови и интереси, слободно и со трескава енергија го засолуваат антагонизмот, кој и без тоа постои во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од грабливите посегнувања.“
„ Но, во денешнава состојба ние не можеме да извршиме слично дело; за тоа нам ни се потребни сили, а нашите се разнишани, раздробени. Значи, треба да се обединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила - народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.“
Дружината го издавала списанието „Лоза“ (1892 - 1894) и затоа се познати како ЛОЗАРИ (Лозарско движење).
Петар Поп Арсов; Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Крсте Петков Мисирков, Војдан Чернодрински, Христо Матов, Иван Хаџи Николов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев и мн. други.
Нивната основна идеја јасно е искажана од Темко Попов: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Блгарин иљи Србин.“
Списанието излегувало едвај две години, односно, отпечатени се 6 броја (од кои едниот е двоброј).
Во првиот број на почетокот стои мотото од Софокле:
„Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина“.
Лозарите ги продолжиле македонистичките заложби на Ѓорѓија Пулевски.
Бугарската влада набрзо ја растура Дружината и го забранува списанието.
Нејзините членови продолжуваат да работат на оваа идеја, секој придонесувајќи на свој начин.
Петар Поп Арсов ја пишува брошурата „Стамболвштината во Македонија и нејзините претставници“ (1894, Виена), критикувајќи ја политиката на тогашниот премиер на Бугарија, Стамболов и насилното бугаризирање на македонското население.
Всушност, една година пред тоа, на 23 октомври 1893 година е формирано ВМОРО, а Петар Поп Арсов бил задолжен да ја напише брошурата во која ќе ги искаже ставовите на организацијата.
Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) е револуционерна организација основана на 4 ноември 1893 година (23 октомври 1893 година според стариот календар) во Солун и дејствува до 1915 година. Основите на Организацијата се поставени во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, Даме Груев – учител, Петар Поп Арсов – учител, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, Антон Димитров – учител и Христо Батанџиев – учител. Целите на организацијата се добивање на автономија за Македонија и Одринскa Тракија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.
Денот на основањето на Организацијата, 23 октомври, од 2007 година се слави како државен празник на Република Македонија под името Ден на Македонската револуционерна борба.
Mi se dopaga.I toa mnogu.Bravo.
ReplyDelete