16.10.09

Ќе одиме по стапките на Тоше

Овој ден за сите нас е ден на лоши спомени, ден на нешто што се случи пред две години, а во што се уште не можеме да поверуваме. Овој ден е денот кога загина нашиот Тоше.
Во Гуц цела недела се подготвувавме да го одбележиме денот, да му оддадеме почест и да ги следиме неговите стапки... да се грижиме за сите оние кои немаат.
Нашите ученици своите чувства и љубовта кон Тоше ги претставија на своите проекти.




Секој клас даде дел од себе...




за Тоше...




за споменот на Тоше...



за неговите хумани дела...




за неговата човечност...



за надежте дека е меѓу ангелите...


И за ветувањето дека ќе одиме по неговите стапки...
Посакуваме и ние да бидеме барем малку како него...
Да бидеме хумани...
Да се сетиме на оние кои немаат...



По тој повод, во ГУЦ, секој клас подготви по еден пакет прехрамбени производи,
за оние кои немаат...








Сето ова го одбележавме со еден мал хепенинг кој го отвори директорката.

Всушност, хуманитарната акција започна уште изутрина во соработка со Црвениот крст. На повеќе пунктови имаше поставено штандови за собирање на доброволен прилог...


(учениците малку замрзнаа на студот, но целта беше повозвишена од временските непогоди, па ним не им пречеше).
А во училиштето, во 17.00 часот поканивме тв екипи, и како секогаш, тие не се појавија. (Оваа година направивме неколку успешни хуманитарни акции, но тоа никој не сака медиумски да го покрие, а ако не дај боже се случи тепачка, сите ќе дотрчаат).
Како и да е, нашите ученици се потрудија да дадат се од себе.
Музичарите составија акустичен мал хор и изведоа неколку нумери од Тоше...






Па читавме малку од „Пиреј“ - Велика,


па малку од Тагоре,

пред многубројната публика...



и директорката со учениците...

Некои класни раководители се навистина за пофалба, со целиот клас останаа да ја проследат програмата,
а потоа со колегите се напија топло чајче...
На крајот во срцето за Тоше запаливме свеќички.



И на крајот, голема благодарност и пофалба до професорката Атина, без која ваквите случувања би го немале сјајот и оригиналноста.



3 comments: