23.9.09

Во Прилеп на екскурзија

Учениците од трета година се подготвуваат за повеќедневната екскурзија. Секоја година во ова време имаме проблеми со изборот на местото каде ќе се оди.
Од желбата за престиж тие посакуваат да одат во некој европски центар како: Будимпешта, Виена, Рим, Париз итн. Еден од аргументите за посета на далечните градови е тоа дека ова им е единствена шанса и дека тешко во животот ќе се одлучат да одат - „таму некаде“.
Водена веројатно од истите побуди и јас во минатото шетав низ Европа и светот. Но, само пред некоја година сфатив дека не сум си ја прошетала мојата Македонија.
И така, сум била во Њу Јорк, Париз, Минхен, Будимпешта, Виена, Истанбул итн., но оваа година за првпат бев во Прилеп. Патот никогаш не ме водел натаму, па затоа една сабота отидов само да го видам.
Патем, го посетив и Стоби кое сум го видела последен пат кога не носеа на екскурзија од основно. Бев изненадена што влезот беше слободен, зашто секаде во светот влезниците за ваквите места се над 8 евра.

За да не се повторувам, фотографиите од Стоби погледнете ги на овој претходен пост.
Од таму фатив право за Прилеп.
Ме изненади убавината и чистотата на градот.
Прилеп - Prilep
Прилеп - Prilep
Средената стара чаршија,

Прилеп - Prilep

убаво уредениот центар со зеленило и фонтани,


Прилеп - Prilep
Прилеп - Prilep
Прилеп - Prilep
со почит кон личностите од минатото,


Прилеп - Prilep

Прилеп - Prilep
и од приказните (Итар Пејо),


Прилеп - Prilep
со Саат кулата,

Прилеп - Prilep
и со тутунот кој се сушеше во сите дворови и на сите улици.

Прилеп - Prilep
Но она што навистина ме фасцинираше во Прилеп беа Марковите кули.
Всушност целиот рид што се издига над Прилеп ме остави без здив.
На периферијата од градот куќите се граничат со необичните карпи (камења) и со стари ѕидини на подножјето од ридот.
Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep
Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep
На патот кон кулите ве дочекува мегалитот кој станал обележје на Прилеп наречен „Слонче“.

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Качувајќи се по ридот, од другата страна ве дочекува нестварна глетка. Ридови и природа како во филмот „Господар на прстените“.


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep
Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

а надолу широкото Прилепско Поле...


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep


Нагоре по ридот, почна да се наѕира врвот и крстот...

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

А кога ќе влезете низ портата на стариот град ве дочекува нова широчина и убавина...



Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep
Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep



и кули изѕидани врз огромни мегалити...
Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

на кои како да им отпаднал стариот малтер...

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Во еден момент имав чувство како да сум во Дизниленд...

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep

со приказната за копитата на Шарец врежани во камен.


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep
И сосема на врвот, прекрасна глетка...


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep


Маркови кули Прилеп - Markovi kuli Prilep
П.С.
Посветено на Каролина прилепчанката, која не ми кажала дека потекнува од крај со ваква убавина.

4 comments:

  1. Значи тенкју,тенкју,веке претенкју.Ваква посвета до сега не сум добила,што не значи дека нама да добијам.Фала уште еднаш.

    ReplyDelete
  2. ahaa vo Prilep, dajte u Beogradu hahahah

    ReplyDelete
  3. прилепчанка ,македонисткаNovember 12, 2009 at 2:04 PM

    Почитувана колешке
    Случајно „налетав“ на блогов и...секоја чест, прекрасен е.
    Од Прилеп сум, па пријатно се изненадив од предлогот-екскурзија во Прилеп-
    Повелете во секое време, има што да видите. Сте немале време можеби (да ги посетите)за манастирот Трескавец, за локалитетот Зрзе и за мн. други места во околината на градот.
    Ми се допаднаа и другите твои блогови па често ги посетувам, иако сега првпат коментирам,најверојатно ме поттикна мојот локал -патриотизам.

    ReplyDelete
  4. За Зрзе патам веќе подолго време, ама никако да отидам. Се надевам дека ќе се случи набрзо. Благодарам за коментарот.

    ReplyDelete