Зошто бе вака? Со што го заслужив ова? Зошто не дојде дома да ми земе сè што имам - а не душата да ми ја зема?
Штотуку дознав дека НЕКОЈ си дозволил сите мои текстови да си ги ископира и да си направи своја страница - со МОИТЕ текстови. Признавам дека надворешно е подобро направена - како сајт, со подобра навигација, со бела позадина (хаха) - но содржините се целосно мои. Сите текстови се земени од мене - од збор до збор, сосе сликичките што сум ги ставала.
Кога гледав како ми ја фотокопираат книгата („За матуранти“) и како си ја продаваат во фотокопирниците без проблем - ме болеше, ама ова со блогот ме боли уште повеќе.
Како може и ЗОШТО некој го прави ова?
Замислете си - вие си работите секојдневно, читате, анализирате, обработувате, пишувате - и го ставате тоа на бесплатен дофат на сите на кои им е потребно, и НЕКОЈ едноставно си го зема и си го присвојува - целосно!!! Без да наведе барем извор, без да наведе ни свое име, без да стави можност да се искомуницира со крадецот!!! Ахххх, УЖАС!
Или, замислете си дека сте напишале книга и - ја гледате отпечатена под друго име. Некој си го нашол вашиот текст и си го објавил како свој! Не знам дали ме разбирате колку страшно мене ми изгледа сето ова? Како да ми зеле сè што ми е во мојот компјутер, сè што ми значело, сè што е МОЕ. Сите мои зборови, сите мои мисли, сето мое потрошено време - сè, баш сè!
Или, замислете си дека сте напишале книга и - ја гледате отпечатена под друго име. Некој си го нашол вашиот текст и си го објавил како свој! Не знам дали ме разбирате колку страшно мене ми изгледа сето ова? Како да ми зеле сè што ми е во мојот компјутер, сè што ми значело, сè што е МОЕ. Сите мои зборови, сите мои мисли, сето мое потрошено време - сè, баш сè!
И не сфаќам зошто, бидејќи нема ставено адсови за да заработува. Јас навистина не разбирам ЗОШТО?
А се смеев на последната епизода од The Big Bang Theory (season 4 episode 19)... а сега некој мене ми се смее. Трагично. Ебати тунгузијата во која живееме! Тука - не смее човек да прави добри работи.
П.С. Знам дека со линкот само го популаризирам крадецот, ама тој е за пријателите, да видат и да се заштитат себеси (ако можат).
Срамота за НЕКОЈ, ама тие што го читаат вашиот блог знаат дека текстовите се ваши... Павле
ReplyDeleteПобарај од Blogger да го отстранат блогот, сепак постои copyright и на интернет. Инаку, текстовите ни се од голема помош на нас, што се интересираме за литературата и што ете сме се’ уште заглавени во аналите на образовниот систем. :)) So, keep 'em coming! :D
ReplyDeleteТоа е некој кој се кити со туѓи перја. Вашиот блог во многу ми користи,особено во наставата, зошто учебниците за стручните училишта се за жалење.Лично и ве запознав на некоја од оние сеанси на БРО и го поддржувам вашиот ентузијазам. Ако има начин како да си ја заштитите работата да го искористите тоа.
ReplyDeleteПоздрав од Маја од „Михајло Пупин“
Многу ми значи вашата поддршка. Инаку, немав намера да се откажам од понатамошно пишување - целта ми е блогот да го заокружам целосно, односно со сите лекции кои се застапени во програмата од прва до четврта година. Ваквите неочекувани препреки го прават човекот посилен, потврдоглав и поупорен во остварувањето на целта. За среќа, сепак има многу повеќе добронамерни и чесни луѓе од оние кои не се такви :)
ReplyDeleteBiljo, sto ti e gajle ma, ta neli si znaes deka toa se tvoi tekstovi... toa cuvstvo nikoj ne moze da ti go ukrade i da ti ja osiromasi dusata taka... ednas, na bloger.ba edna blogerka mirece deka moze da mi gi ukrade pesnite i da si gi objavi kako svoi... i vratoiv so pesna...
ReplyDeleteНЕ Е ВАЖНО
На Гора
Ми велиш, ќе ти ги украдам песните
а ти не ќе ми можеш ништо...
Па што ако, ти велам,
ќе напишам други...
Ќе ти ги украдам и тие
и пак не ќе ми можеш ништо...
Ќе напишам трети, ти велам
и баш ништо не ми значат твоите закани...
А кога не ќе можеш да напишеш
ниту стих повеќе,
со кои очи ќе ги гледаш песните
што нема појќе твои да бидат?
Со душата, што никој не може да ми ja земе
песните твои ќе ги чувствувам како мои...
zatoa, gore glavata i pisuvaj, tvojot blog ja ima tvojata dusa a nea nikoj ne moze da ti ja ukrade... :)