22.3.11

Ден на екологијата и пролетта во ГУЦ

Секоја година за Денот на екологијата со учениците ги зачистуваме училните и училишниот двор. Обично тоа е само про-форма во која земаат учество минимален број ученици, а останатите само стојат од страна и гледаат. Поуката на овој начин не стигнува до нив. Тоа го сфаќаат многу површно, како ден кога не се учи, и кога „демек“ нешто се чисти.
Оваа година, решивме малку да го смениме начинот и приодот.
Големите (трета и четврта година) ги средија училните бидејќи надвор почна да врне. Некои дури толку темелно, со прозорци, компјутери и сите недостапни ќошиња. Некои беа ангажирање за боење на малкуте останати стари прозорци...

Во меѓувреме од разгласот се читаше куса програма за значењето на Денот на екологијата.
Втората смена, со помалите (прва и втора година) започна со читањето од разгласот додека учениците беа во своите училни...
Потоа беа поканети да се симнат во фискултурната сала каде се одржа час - мултимедијален проект за загадувањето и спас на планетата Земја. 

Проектот го изработија ученици од втора година под менторство на професорката по физика. Свој придонес за овој ден дадоа и професорките по биологија со учениците...


кои изработија мали симпатични обликувани стапчиња со еколошки пораки, а ги делеа на сите присутни во салата.


Мултимедијалниот проект беше осмислен како наставен час составен од три дела.
Првиот дел беше кус петминутен филм склопен од учениците во кој на почетокот беа претставени убавините на Земјата кои постепено преоѓаа во „неубавини“, поточно градските средини, фабриките, депониите, нуклеарките, катастрофите и се она што ја уништува озонската обвивка и прави да се загрижиме за сопствениот опсатнок.


Потоа, во форма на час, со предавачи - учениците објаснуваа што е озон, како доаѓа до оштетување на озонската обвивка и кои се најголеми загадувачи.


Третиот дел - беше кус филм кој го снимиле самите ученици - екологисти, во кој се критикуваа себеси, дека се дел од неодговорното и несовесното однесување, со фрлањето ѓубре насекаде, пушењето, со прскањето дезодорански итн.


Часот го заокружи „професорката“ која го извлече заклучокот дека сите ние сме виновни (луѓето) за опасноста што и прети на Земјата...


и на крајот вистинската професорка која го изведе овој проект


од кој беа задоволни сите...


3 comments:

  1. жива уитопија е да се оцекува било која порака да допре до свеста на секој реципиент, така и со пораката што ја праќа овој симболичен ден... особено, ако наставниците сето време седат в канцеларија и бистрат висока политика или пак имаат фумкција на дежурни полицајци и им наредуваат на учениците што да работат... аКко е Ден на екологијата тогаш нека е за сите и тие со свој пример да покажат како треба да се грижиме за здравата животна средина...

    ReplyDelete
  2. и дај прифати ме во сураттефтерот веќе еднаш... :)

    ReplyDelete
  3. па немам барање за да те прифатам, инаку со задоволство би го направила тоа :)

    ReplyDelete