10.11.10

И оваа година приредба за патронат во ГУЦ

За да се организира приредба или било каков настан, потребно е многу вложување и напор. Сега ми е јасно зошто изминатите години, со некои други директори, не се прославуваа патронати. Не било тоа зашто приредбите се веќе надмината работа - туку од мрзааааа бе.
Навистина, една куса приредба од 45 минути бара ангажирање на 50 до 100 ученици, 5-6 професори и еден организатор. Тие макотрпно работат и пробуваат цел месец за тие куси 45 минути. Нашиот организатор на приредби, прослави, разни настани и останато, навистина има вкус и многу енергија (браво Тинче). 
Оваа година приредбата беше сосема поинаква од лани. Лани мотивот беше фолклор, традиција, историја, а оваа година се беше современо. Но, покрај современото, почетокот си беше традиционален, со настапот на хорот со македонската химна. И оваа година имавме многу гости, директори од другите училишта, претставници од Град Скопје, професори и ученици.

 Се разбира, гостите ги поздрави директорката, кусо и фино.
 Ги презентиравме нашите успеси од минатата година, повторно многубројните награди од МАССУМ (пак имаме најмногу), 
пееја на италијански,
 на англиски,
рецитираа на сите светски јазици,

и на албански, се разбира,

но секако најдобри беа хип-хоперите

и училишниот бенд со авторски песни.

На крајот, внимание и подароци за пензионерите (и тука големо извинување до нив. Бидејќи по приредбата морав да помогнам околу прибирањето на работите од фускултурната сала, додека да се качам горе, додека да се пробијам низ невидената турканица - настанот завршил и јас не ги фотографирав) и свечено коктелче.
Потоа некои отидоа на часови, а другите по дома да се подготват за екскурзијата што ни следеше...

Епа, тоа би било во кратки црти (колку да не е без ич). Веќе го подзаборавив настанот, бидејќи следните три дена бевме во Егејска Македонија, па некако на тоа повеќе се сеќавам :)

No comments:

Post a Comment