30.1.11

Исцеление

Многу често посакувам да го напуштам градскиот живот и да отидам да живеам во некоја пустелија (само да има интернет таму). Некогаш таа желба толку многу се зголемува што дури почнувам да барам куќичка да си купам. Родителите и блиските ми се потсмеваат, ме одвраќаат и во таквите ситуации најчесто се свртувам кон пишување и читање, кон блогов и сл. Барем со мислите да избегам...
Еве, вчера Нено ме освести дека цел месец сум заглавила во секојдневието, во работата, во тоа што во суштина најмногу го мразам. На работа работи, дојди дома пак работи, седни навечер, пак работи. Не сум ни свесна како ми помина месецов. Никаде не оставив траг - значи, овој месец не сум ни живеела.
Ама, за среќа, ме разведри тој, потсетувајќи ме дека е месец на водолијата и поттикнувајќи ме да ја продолжам песничката што ја започнал:

Водолија сум родена да бидам
подалеку од другите да видам
да мислам поинаку од сите
в копнежи да ми минат дните
хуманизмот ми бил демек јака страна
а фантазерството наводно најголема маана
Водолија, водоносец тоа ми е знакот
Духот ми е светлина што го пробива мракот...

иииии - конечно да се исцелам!!!

Хахаха, фала бе Нено за шлаканицата :))))



2 comments:

  1. Првиот пост на твојот блог во кој воопшто ме споменуваш мене (кога ја препорача книгата) си го објавила на 31.01.2010.

    http://iskonmakedonija.blogspot.com/2010_01_01_archive.html

    Денеска е 30.01.2011.

    Една година.

    П.С: Е оти песната не ја продолжи?

    ReplyDelete
  2. Епа, среќна годишнина!
    А песната си е твоја, јас некоја друга ќе напишам - да не ти се мешам во „штипки“. Во секој случај, и овој пост, како и тој пред една година ти е посветен тебе :)

    ReplyDelete