Не е добро, ич не е добро - накај лошо мава.
Ах, бре Македонче...
Воопшто не гледам телевизија бидејќи не сакам да се „замарам“ со дневно-политички „гомненици“, не сакам суратчињата да им ги гледам на мачкаторчињата, ораторчињата, фразерчињата, актерчињата и сите останати „чиња“.
Ах, бре Македонче...
Не сакам, ама не може. Не ми даваат да си живеам во изолиран свет. Влегуваат во него. Боцкаат, чепкаат и со ножеви брцкаат. Не бива од нас ни банана-држава.
Ах, бре Македонче...
Глупо, глупо, глупо Македонче... Толку ли леб се нема да мора ама баш секогаш само на својот мев да се мисли? Толку ли не е важно ништо од носот понатаму?
Демек, сега работава е: акција е власта; реакција опозицијата; алаткатата третата страна! И? Кој ќе ја извлече користа? Се знае бре Македонче - секогаш кога двајца се тепаат - третиот користи!!!
Баш ми се гади!

No comments:
Post a Comment