9.2.11

Јубилејче на моето блокче Македонски јазик и литература

Денес си го прославувам стоилјадитиот (100 000) посетител на мојот стручен блог (Македонски јазик и литература) за период од неполни 3 месеци (од 14.11.2010, а од кои речиси еден месец беше распуст).
Да направам таков блог ме поттикна немањето учебници за стручно образование, но подоцна ми се виде згодно и за часовите - бидејќи лекцијата секогаш може да биде пред учениците (и барем компјутерите ќе си ја имаат својата смисла).
Значи, прво блогот ми беше за интерна употреба со моите ученици, но се повеќе забележувам дека го користат многумина, од цела Македонија, па и надвор од Македонија. Бројката на посетеност се зголемува - што ме радува, зашто така барем има некаква корист од мене.
Всушност, отпрво ми беа направени посебни блогови за секоја учебна година, но пред три месеци решив да ги ставам сите на едно место. Дел од текстовите веќе ги имав (заради книгата „За матуранти“), но голем дел ги пишувам како што доаѓаат по програмата. Така што, тој целосно ќе биде заокружен дури на крајот од следната учебна година.
Аххх, знам дека и тогаш нема ништо да биде готово, зашто СИГУРНО повторно ќе има промени во програмата по македонски јазик, па ќе треба да си додавам и одземам некои работи. До тогаш верувам дека ќе има и учебници за децата од стручните училишта, па неопходноста на мојот блог ќе се намали. Но, не е важно, јас и онака тоа го правам за нашите деца... од сопствена желба, а убавината е во тоа што тие го користат. 
(Патем, нашите ученици заборавиле како се користат учебници, бидејќи бесплатните од Владата ги враќаат неотворени - па така барем подолго ќе потраат).

п.с. посветувајќи му малку повеќе време на тој блог, во последно време си го запоставив овој :)
п.п.с. поента? - ако сакаш да те читаат - пишувај им тоа што го бараат!
еј, ми текна уште едно п.п.п.с. - еден читател ми рече да си ставам google adds - за да имам барем некава материјална корист од посетеноста на блогот - е не може бе братче, јазиков и земјава не ни ги есапат - може, ако е на англиски (јака финта - македонски јазик - на англиски, ај да го видам јас тој мајстор што ќе успее македонски јазик на англиски да го напише?!?) - абе ај!

5 comments:

  1. Да имаш уште и веб камера, па секоја лекција, место да ја пишуваш на блогот, да ја раскажеш во еден краток видео клип. Нешто како да држиш предавање на час, ама он лајн тоа да биде достапно.

    Си отвориш канал на јутјуб, си ги ставаш клиповите таму, а си ги ембедираш на блогот.

    Ќе станеш пославна и од спикерките на телевизија на вестите што се.

    ReplyDelete
  2. хахаха, ах бе нено ме изнасмеа. инаку, (тиииит) слава. баш ме заболе за слава, си сакам само слава во душата - таму да ми е убаво.

    ReplyDelete
  3. ма, уствари имаш право - па зашто бре децава да се мачат да читаат? треба нешто видео-аудио да склепам!

    ReplyDelete
  4. http://literatura-bella.blogspot.com/

    може да најдете некои интересни содржини во овој блог :)

    ReplyDelete
  5. благодарам, разгледав и да, има интересни содржини :)

    ReplyDelete