26.2.11

Хелоуууу!?!

Деновиве ми се случува мои блиски постојано да ми покажуваат текстови што им се отпечатени во списанија - неделни, месечни; текстови за семинарски, магистарски; текстови во зборници итн. Сите тие баш си се горди со својот успех, некои заради популарноста, некои заради новата точка во CV-то, некои заради парите што ќе ги спечалат. Деновиве, од последниот пост (12.2)  до сега (25.2.), верувам дека напишав над 50 страници А4 формат, или повеќе од 20 000 збора - некои анализи на дела (за другиот блог), некои текстови за современата македонска уметност што ме опседна во последно време - за ликовните колонии во Македонија, некои проекти за на работа итн. Во суштина и сама не знам што и колку. Ииии, си го отварам блогов - празен ми зјае; на работа само мојот извештај за работата го нема (бидејќи немам време да си го напишам); текстовите што ги пишувам - во ветер ми одат; и си викам - хелоууууу?!? Билјано моме, што правиш?
Другите ме освестуваат што е општествено подобно, како треба човек да работи во своја корист - ама џабе ми е. Билјаната не се освестува. И не може и не знае да се продаде. Кај мене се си е бесплатно. Па така - повелете бесплатен дел од мојата душа, на другиот блог бесплатен дел од мојата стручност... (ми заличи ова на „Старо купујем“).
Оф, жалам што не можам поинаку да постапувам за да се вклопам во средината - ама па, ич не жалам за мене - мене ми е супер!!! Си живеам во мојот свет на соништата и надежта дека ќе ја истрчам трката што побргу за да можам да се повлечам во светот на моите желби.
Ииии? Ми фали ли хелоууу (или освестувањето)?
Па што знам, не се осеќам како да сум во несвест...

7 comments:

  1. Според принципот „човек што ужива во својата работа, секогаш е на одмор“ може да се каже дека „оној кој создава без желба да заработи од тоа, е секогаш задоволен од својата плата“.

    А јас станав колумнист на неделникот „Фокус“ ама сепак не се откажувам од бесплатните содржини достапни на блогот. Различни колумни одат за блогот и за весникот.

    Тоа само докажува дека сум многу вреден :-)

    (толку многу, што ете и сам си се фалам, не ми треба портпарол)

    ReplyDelete
  2. Aх, знаев дека ќе се пронајдеш во мојов коментар, ама не беше ова баш за тебе - ти си едно многууууу вредно дете :)
    И навистина се радувам што си колумнист во „Фокус“.
    Повеќе се работи за мене, во стил - зошто се спротиставувам на течењето на платата додека сум на одмор?
    Сите вие сте си во право - јас сум криво насадена; глупава идеалистка (се однесува на другиот блог).

    ReplyDelete
  3. Drugiot blog ti e avangarden i ne tuku kukaj, imas uste mnogu rabota na nego, ne si stavila nisto za Iljoski, za Krle, za Panov... :)

    ReplyDelete
  4. Хахаха, абе не кукам обично, ама ова така ми дојде во моментот. И како немам за Иљоски, Крле, Панов - баш сега ги работевме :)

    ReplyDelete
  5. ne se otvoraat, ne znam sto e problemot... znam deka bas sega gi rabotis... funkcionira samo linkot do dramite no ne i do biografijata na avtorite...

    ReplyDelete
  6. ок, фала, ќе ги поправам, ама јас за биографиите и немам многу (а линкот до нив е таму каде што се обработени драмите, кај - раскажана :)
    не тапам многу со биографии - само она што мислам дека е неопходно за да се сфати делото.
    ај поздрав, и ти предаваш македонски?

    ReplyDelete
  7. tvojot blog moze da i ustedi mnogu pari na vladata, ama nema koj da im go kaze toa (vo svojata prezafatenost tie nemaat vreme za nurkanje vo internetot)
    da, nekogas predavav sega si igram predavanje... :(

    ReplyDelete