20.5.09

Екскурзија

На 19 мај учениците од прва и втора година од ГУЦ (СГГУ „Здравко Цветковски“) беа на екскурзија во североисточниот дел на Македонија.
Времето се погоди. Сонце, пролет, многу багреми и прекрасен мирис.
Прво стигнаа во Пелинце.



Таму секој си најде по нешто што го интересира. Некој веднаш седна во кафеанчето, некој си ги ладеше нозете во реката, некој си седна на клупа, некој се нишкаше на нишалките за дечиња, а некој (професорите) веднаш се упати кон музејот.


Прво тие му се воодушевуваа на мозаикот,

а потоа влегоа внатре каде си повторија историја.



Довидување Пелинце,



Оттаму се упатија кон мегалитската опсерваторија Кокино. Патчето за големите автобуси беше малку тесно, но сите преживеаја.
Опојниот мирис на планинските цвеќиња и благото ветре ја надополнуваа атмосферата. Учениците веднаш тргнаа да го освојуваат врвот, па фотографиите на Кокино заличеа на разнобојни сипаничави карпи.



Откако сите врвови беа освоени и учениците прибрани во автобусите, Кокино повторно си потона во својот мир.





Но, не сосема осамено. На врвот остана една зелена точка (неговиот чувар).


Спуштањето по „ролер костерот“ беше уште пострашно од качувањето. Ама и сега сите преживеаја.
Следната дестинација беше Кратово.
Таму не дочекаа огромните борови од четиринаесеттиот век,






мостовите на Кратово,







прекрасната природа, чистиот воздух, пастрмајлиите, старите градби,


и заборавеноста од државата, за жал.

По Кратово, во план беше да се оди на посета на локалитетот Куклици.
Мисијата беше половично извршена.
Два автобуса (похрабрите и поупорните) успеаја, а два се откажаа и си заминаа за Скопје.
Штета за оние кои побрзо стигнаа во Скопје.
Погледот на скаменетите кукли (проколнатите свадбари) им ги наполни очите и душата на посетителите.
Прекрасно...












И ако си помислите дека возачите на двата автобуса биле најхрабрите и најупорните, се лажете. Таму имаше еден вистински осамен херој.

За организација на оваа екскурзија им благодариме на професорите од ГУЦ кои вложија натчовечки напори да успее.
Навистина убаво и несекојдневно патување. Единствено ми е жал што на локалитетите видовме само двајца осамени луѓе, и како што на сите ви е познато немавме што да си купиме како сувенир од овие места. Да не спомнувам како сето ова би изгледало во некоја друга земја во светот.
Како и да е, учениците беа задоволни и на крајот се простија со недопрената природа на Македонија.



Догледање,
поздрав од ГУЦ.



3 comments:

  1. pozdrav mockovci

    ReplyDelete
  2. Koga ke odime pak?

    ReplyDelete
  3. more za sto se ne bivaaa!!!!

    ReplyDelete