22.11.10

Прилеп и пак Прилеп


На моето патување низ Македонија летоска, неколку дена, се разбира, мораше да останам во Прилеп. Пријателите ми се смееја и се чудеа што ќе одам на одмор во Прилеп - ама баш ми беше гајле, нека се смеат, мене таму душата ме влече.


До хотелот Дион - си имаше базен, па децава ми се чувствуваа како на море - а мене погледот додека си ги пиев кафињата постојано ми беше насочен кон Марковите Кули - од каде ми допираше енергијата која сакав да си ја собирам.


Во градот секогаш ми е убаво да прошетам низ старите чисти улички, да поседам во некое од кафулињата или ќебапчилниците.
Таму си се знае, сабота - пазарен ден, гужва, секаде луѓе, преполно; недела - ден за дома, за одмарање, никаде никој, жив човек едвај по улица да сретнеш, ни бурекчилниците не работат.
Убаво е во помалите места. Сите се познаваат, секој со секого се поздравува, секогаш ќе најдеш со некого кафе да се напиеш...

А прилепчани и за друго ги бендисувам - си имаат почит кон претците. За секој од нив си направиле спомениче - и тоа со време, а не вака наеднаш како во Скопје, па сега на сите нешто тешко да им паѓа.
Си го имаат тие Итар Пејо...




Марко Цепенков...

се разбира и Александар Македонски...















Си имаат и поткусена џамија...
















Искривена саат кула...


Си го имаат ЅИДО...
остатоци од стариот Куршумли ан..










И, што е најважно, си го имаат тутунот...



































Си го имаат Слончето...

и најубавиот поглед врз градот... горе од Марковите Кули...
















а и Пелагонија... широка и долга дур до Битола...


Уф, за малку ќе го заборавев Крале Марко...


Ова е фреска на прекрасната црква Архангел Михаил од 14 век, а и се погоди денов - таман е празникот.












Црквата и манастирот се наоѓаат веднаш над Варош, издигнати над необичните и прекрасни камења кои ги има во целата околина и кои образувале најнеобични фигури...

















И толку... внатре сликање нема... зашто ќе ме караат.
За камењата, и другите манастири во околината кои постојано одам да ги видам... ќе пишувам во некој од следните постови...

2 comments:

  1. Е така на времето кога летото го поминував во Охрид, во сабота одев во Струга на пазар ! Во тоа време ме преокупираа луѓе, било каде и да одев.
    Сега се врзав со природата, ливади, тревки, цвеќиња,дрва, води, камења, разни мириси.
    Се полнам со енергија, се разбира во Раштак.
    Поздрав Борка

    ReplyDelete
  2. Ти завидувам. И проблем ми е да чекам уште тооолку години немир за да се врзам со мирот на природата.

    ReplyDelete