24.11.10

Чудесните камени облици во Прилепско (Злато Планина)

Уште кога за првпат го преминав Плетвар и пред мене се појави широчината на Пелагонија, останав без здив. Очите и душата ми се наполнија со милина и убавина. Низината ја опкружуваат високи планини, но во нејзиното коритце, како јајце на око, се наоѓа толку чудесна планинка, со најнеобичните камења (карпи) на светот.
Географски, „моите камења“ се наоѓаат на крајот од планината Бабуна, на ридовите, односно ридско-планинскиот масив Злато Планина, кој се извишува над Прилеп и оди кон северо-исток.

Пелагонија - поглед од Мечкин Камен
Злато Планина
Првиот впечаток беше: аххххх, какви интересни камења! Невидени до сега.!


Па почнав да барам и да читам што е финтата со тие камења и карпи, зошто се такви. На Википедија и на страницата за Прилеп ги имаше истите информации: „тие претставуваат една интересна рељефна структура. Теренот е составен од метаморфни карпи - гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити - гранодиорити. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години.“


Пред да појдам во Прилеп, од „камењата“ единствено ми беше позната фигурата на Слончето (Штркот) во подножјето кај Марковите Кули, што сум ја видела како фотографија на нет.



Кога отидов во Прилеп, ми кажаа дека спротивната планинка ја викаат Баба, зашто на врвот имало камена формација која заличувала на седната баба со прекрстени раце. Јас не можев да ја фотографирам од страната каде што убаво се гледа бабата... ама ова е тоа од позади...


Ама, кога летоска се искачувавме на Златоврв, поточно кога се спуштавме, почнав да ги загледувам камењата од поинаков агол и во нив да гледам разни фигури. Во прв момент помислив дека забегувам, дека ми се причинува, зашто навистина бев воодушевена од природата, па во неа, можеби сакав да видам и нешто натприродно.
Прво, едно нешто ми заличи на сфингите египетски, и се уште во филмот на фантазиите, не си верував себеси...


потоа, во подножјето видов еден чуден створ, што заличуваше на мајмун во устата (муцката)...


па видов глувче (или нешто такво)...


па на секој срт по некое ново животно...
маче...

глава од јагне...


желка...


па глава од змија што излегува меѓу две правилни тенки камени плочи...




па стапалата на Крали Марко, нели? - каде можеби стоело нешто...


па желка или нешто слично (некој постар вид животно) со целата нејзина убавина и со испружени нозе...

на последниот свиок, на сртот ве гледаат две страшни очи - кои како да предупредуваат: ако сте непријатели - не доаѓајте, не се качувајте! Птица ли е (сокол, орел или нешто слично) или некое чудно суштество (да не речам вонземјанин)?


и на најгорната рамнинка, каде сега се наоѓа манастирот Св. Богородица - лав!


за жал, на мојата фотографија не се гледа убаво лавот, ама може да го видите поубаво на фотографијата земена од тука:









Дома, ги разгледав сликиве, и пак во нив си ги распознавав животните, фигурите и си се убедував дека не измислувам. Тоа е тоа. И уште повеќе од тоа, почна да ме изненадува распоредот  ... некако на почетокот, во подножјето се наоѓаат пообичните животни, а на крајот пред врвот - орел (сокол) , па ЛАВ!
Можно ли е (како што тврдат нашите експерти) ова да го создала природата? Сите овие фигури да се случајни природни творби? Ма нема шанси! Мора некој да ги направил!

По ова, ми се случи да „видам“ животни и на Маркови Кули.
Односно, освен Штркот (за мене е пологично да е штрк, а не слонче, бидејќи тука врие од штркови, па и Силјан Штркот е од овој крај), видов рибја глава која изнуркува од земјата (ајкула некоја)...


а пред самото обѕидие, како заштитник стои повторно некоја птица...



И овој распоред ми изгледа наместен - долу риба, па штрк како скулптура, а на влезот од горниот град - птица (орел, сокол).

И? Ми се причинуваат ли овие работи? Само јас ли гледам фигури во камењава? Очигледно не - бидејќи Слончето е познато, Бабата исто така, Лавот кај Трескавец исто, ама и другите фигури се многубројни. Јас верувам дека ни половина не сум ги видела - бидејќи ова беше случајно и патем - гледајќи во прекрасната природа да почнам да гледам камени суштества кои ме привлекуваат да одам и пак да ги видам...





3 comments:

  1. Во психологијата има еден тест со дaмки каде што на испитаникот му се покажуваат бели листови со дамки од црно мастило на нив и тој треба да каже на што му личат дамките, на која форма го потсетуваат.

    На секој човек, во зависност од неговата психологија, темперамент и карактер му се гледаат различни облици на дамките мастило...

    Тоа се вика Роршахов тест, а дамките Роршахови дамки. Еве повеќе тука http://en.wikipedia.org/wiki/Rorschach_test

    Можеби ти треба да патентираш Билјанин (или барем Прилепски или Злато-планински) тест, не со дамки, ами со камени форми.

    ReplyDelete
  2. ТИ ме потсетуваш на Ангелина Маркус! Бацки Борка

    ReplyDelete
  3. Хахаха, абе еднаш ќе подзабегам во својата фантазија и вие веднаш мора да ме враќате.
    Па шо бе? Што им фали на камењата во Прилепско, немаат облици? Роршахови дамки бееее... Билјанини карпи бееее... хахаха, Ангелина Маркус беее.
    Поздрав до двајцата... :)

    ReplyDelete