Showing posts with label религии. Show all posts
Showing posts with label религии. Show all posts

28.11.09

Курбан бајрам

Курбан Бајрам, трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика „празник на жртвата“ затоа што тогаш се принесува жртава - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога.
Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
Бидејќи сите колеги и ученици муслимани сакаа порано да си одат од настава и да си купат нешто пред паразникот, јас им го нареков овој „шопинг Бајрам“ (модерна верзија).
А, во понеделник, ќе се сладиме повторно со баклавите...

19.9.09

Ислам

Во Македонија има две доминантни религии: христијанство и ислам. Од населението околу 33% се со исламска вероисповед -муслимани (Албанци, Македонци, Турци, Роми итн.).

Зборот ИСЛАМ значи „предавање, покорување“ на Бог. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата Божја реч преку неколку пророци, а последниот од нив е Мухамед. Тој во Коранот ја пренел Алаховата реч.












Првата сура од Коранот, рачно напишана.







Петте столба на Исламот се:
1. Шехадет (Сведочење)
Оној кој верува во двете сведоштва:

Нема друго божество достојно за обожување освен Алах и
Мухамед е Божјиот пратеник,
се смета за муслиман.

2. Намаз (молитва)

Најбитен елемент по влегувањето во Исламот е молитвата.


3. Пост


Третиот важен столб е постењето на Месецот Рамазан.


4. Зекат


Сите муслимани кои имаат определено богатсво (над основното за живот) се задолжуваат да делат дел ( 2.5% ) од своето богатство на сиромашните.

5. Аџилак



Оние кои имаат богатство да го сторат тоа, задолжени се да одат да го посетат Каба (најсветото место кое се наоѓа во Мека) во определеното време за молење.





Бидејќи денес завршува Рамазанскиот месец, мало објаснување за оние кои не знаат што е тоа:

Во месецот Рамазан почнала објавата на Коранот како Алахова реч и патоказ на човештвото.

Постот е воспитно исламско средство кое го учи човекот да се совлада себеси и своите зли наклоности, кој развива сомилост и дарежливост, учи на храброст и издржливост.
Дефиниција на постот гласи: Воздржување од јадење, пиење, пушење, интимен однос од пред зора па сè до заоѓање на сонцето, со цел постигнување на Алахово задоволство и награда.
Да сте здрави и живи, среќни и духовно богати!
На сите муслимани им го честитаме Бајрам!




30.8.09

Ширење на христијанството

Римското Царство во 395 година се дели на Западно и Источно. Западното брзо се распаѓа, додека Источното, прво со центар во Визант, а потоа во Константинопол (денешен Истанбул кој тогаш името го добил според Константин Први) се развива и проширува. Основната карактеристика на ова царство е ширењето на христијанството и тоа православието.
Особено значаен владетел е Јустинијан Први, кој ја проширил територијата и воспоставил цврста власт.
Овој период е наречен Ранохристијански кој во Македонија оставил многу траги.
Христијанството во Европа почнува да се шири од Македонија.

Во „Библијата“ зборот Македонија се споменува 20 пати:

Дела Ап.:
16:9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”
16:10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.
16:12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
18:5 А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше подбудуван во духот ревносно да сведочи на Јудејците дека Исус е Месија.
19:21 Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”
19:22 И испрати во Македонија двајца свои помошници, Тимотеја и Ераста, а самиот остана уште некое време во Азија.
20:1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.
20:3 Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.
Римјаните:
15:26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.
1 Коринтјани:
16:5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;
2 Коринтјани:
1:16 и преку вас да поминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, и вие да ме испратите за Јудеја.
2:13 немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.
7:5 Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.
8:1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија;
11:9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сè, и ќе се пазам, да не ви бидам товар.
Филипјани:
4:15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.
1 Солунјани:
1:7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.
1:8 Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.
4:10 а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе
1 Тимотеј:
1:3 Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку

Всушност, Апостолот Павле дошол во Македонија, и од тука почнал да го шири христијанството.
Од првите векови на ширењето на христијанството во Македонија има остатоци од пештерни цркви (пештерни цркви крај Охридското Езеро) кои биле градени во високите карпести предели за да се засолнат од противниците.
Во сите наши антички населби (од римско време, 1.2.3.4. век, 5. 6. со Јустинијан) има ранохристијански базилики (во врска со ова има во претходните постови).
Традицијата на христијанството во Македонија е непрекината. Во 6. и 7. век карактеристични се откриените уникатни теракотни икони од Виничкото кале. Вакви икони не се откриени на ниедно друго место во светот.






Во 8. и 9. век започнува ширењето на христијанството на словенски јазик (Кирил и Методиј), кое особено се зацврстува во Охридскиот регион (Климент и Наум).
Во 1204 година Крстоносните војни го опустошуваат Константинопол кој успева да се поврати со прекини до 1453 година кога Осмалиите го освојуваат и ја оформуваат новата Империја - Отоманската.