4.11.10

Минатата година ова време, оваа година исто време

Значи, никако не можеш да им погодиш на луѓево...
Лани, некаде ова време, ми пукна филмот од преголемата исфрустрираност и навреденост што ја почувствуваа некои колеги зашто јас бев „малку“ безобразна па си напишав песничка за нашата (нивната) безобѕирност, некултура, закачнав и некои лични моменти - па од тогаш престанав да го пишувам блогот кој носеше наслов ГУЦ. Работата дојде и до Наставнички совет, јавно ме искритикуваа и побараа да не се заебавам со професорите на „официјалниот“ блог на училиштето. Иако во блогот ништо не беше официјално, сите постови баш беа - другата страна на случувањата, ја прифатив критиката, особено зашто називот на блогот беше таков (демек официјален). Сепак, воопшто не ми беше сеедно, веројатно како ни ним. Па така, се решив за една варијанта - да си направам друг блог, кој ќе биде само мој и каде јасно ќе биде истакнато дека сите глупости изнапишани тука - се само МОЕ лично видување на работите. Лажно си се надевав дека ќе имам слобода на говор, дека живееме во демократија па секој може да си го каже своето мислење. Иако понекогаш знам остро да критикувам, сепак не се тоа некои толку страшни работи за да ми извршат притисок да ги избришам постовите - а тоа и понатаму се случува. Во тие моменти многу жалам што не ми е анонимен блогов, па да можам да си ја истресам душата.
Па ете, сега го направив токму тоа. Може за ден-два ќе ме тераат и ова да бришам... не знам.
А, што беше тоа што го зачнав на почетокот... никако да им погодиш на луѓето... 
Значи како што има такви кои не можат да ги поднесат моите чкрабаници има и такви кои сакаат да видат што има ново, што се случува во училиште, што се случува во моите мисли.
Па така, една од новопензионираните колешки ме праша дали ќе напишам нешто за овогодинешниот патронат или било што - зашто мојов блог и е сега речиси единствен допир со нас, со случувањата, со минатото и сегашноста. И кому да му угодам? Па еве ми го одговорот - никому! Зашто и да сакаш, не можеш да им угодиш на луѓето, а и чуму???

4 comments:

  1. Ете, и да не знаев што си во хороскоп, од овој текст ќе разберев :-)

    Карактеристични карактеристики на карактерот (извлечени од текстов):

    1. Единствена од колегите која запливавала во новите технологии (интернет).

    2. Пишуваш без пардон и без задршка, па кој како сака нека си сфати.

    3. Чуство за хумор, дури и кога за сериозни работи пишуваш (критика преку песничката)

    4. Конечно, пораката од последните реченици на текстот: јас сум таква каква што сум, ако не ме прифаќате, во вас е грешката,а не во мене.

    ReplyDelete
  2. Билјана,
    ти само пишувај си,
    кому му се допаѓа
    нека чита и понатаму,
    а оние другите нека
    ..................
    бацки Борка

    ReplyDelete
  3. а оние другите нека
    не читаат
    :)))
    возвраќам бацки :)

    ReplyDelete