22.11.09

Со љубов за нашите пензионери

Знаете кај нас како секогаш бива?
Се прашувам дали сме војска дива.
Ќе донесе некој храна триста кила
се местат едни исти и бутаат со сила.

Без осет и почит кон човекот што части,
не чекаат, пијат, јадат, таложат масти.
За нив поводот не е важен ич,
не дочекуваат ни почеток, вистински се кич.

За другите тие нејќат ни да мислат
на секоја трпеза само тие киснат.
Кој им е крив на тие што доцнат
и од изобилство храна нема што да боцнат?

И така...

Во нашето школо пред неколку денови
во пензија испративме наши членови...


Зар нашата Борка во пензија ќе оди?
Не ми се верува патот кај не води.

Таков човек со младешки дух
за сите проблеми што има слух
не можам да замислам дека ќе седи дома
како некоја осамена што гувее мома.

Сепак, со Борка се тешам јас често
неа никогаш не ја држи место
на нет ја среќавам, живост таа дава
ја сакам, ја ценам, личност е права.


Стана Борка пред сите и одржа говор:

(за кого ти мила, силата ја арчиш
за кого само зборовите ги парчиш
чиниите се празни, никој не те слуша
само не земај го ти тоа на душа)

„ГУЦ е мојот живот, мојот дом втор,
ќе доаѓам за помош, ви давам збор
ќе донирам книги јас уште многу
само да сме живи и здрави, фала богу...“


Калина со мила насмевка не следи
споменот за Гуц полека ќе и бледи
од незнајковци по физика и е преку глава
време е за внуците да добијат слава.


Славе за нас не го боли глава
тој си има друга работа права
Во „Калдрма“ ние си одиме често
таму тој секогаш ни чува место.

Како само време толку брзо мина
ми доаѓаат солзи и чувство на вина
сликам, гледам и си се кријам
да не почнам гласно јас да вијам...

Сепак, решив, оддушка да си дадам
ќе се лутат многу, нејќам да се вадам.
Тука јас го пуштам мојот тивок глас
зашто не си гледам поинаков спас.

Во канцеларијата наша, имаше сешто
некои тајно си шепкаа нешто...

(избришана слика)

Можеби за Наставнички се спремаа тие
еден, два, три... се ќе контрираме ние.
На некого ништо не му е свето
исто како оние што ставаат вето...
мижам, но гледам, се ми е јасно
на тој до мене не му е касно.

(избришана слика)
Од страна гледа, финтите ги знае
ги собира сите, и често нив им бае
повторно сака круна тој да земе
да понесе нивно заедничко бреме.
За тоа време...

(избришана слика)
Некој си е комотен во својот круг
од колачите не дава да проба никој друг...

(избришана слика)
Некој само со сокче и празна чаша
се придружува на здравицата наша...

(избришана слика)
А некои со муабет и места чесни
избегнуваат полемики и погледи бесни.


Кога се заврши и на се му беше крај
дојде почетокот и подарокот , знај.


Не се лутам, се ми е мене јасно
само вам внимавајте да не ви е касно
имајте почит едни кон други,
немојте да бидете ничии слуги...

И на крајот уште еднаш...

Не мислам јас дека сум најдобра од сите
но гледам како си ги поминувате дните.
Напорот ваш често само е слика
од која нема живост, нема што да блика.

Знајте само дека јас, сите пак ве сакам,
ги закачам само оние што имаат „мува на капа“.

Пензионерите ги ценам, ги испраќам славно
со „песнава“ моја горко и бавно.
Чест ми беше што со нас работевте вие,
гордост сте наша, нема што да се крие.

8 comments:

  1. Tocno taka.Samo e mnogu zalno sto sme bas takvi,no sakam da veruvam deka ima nadez.Barem mladite da gi naucime deka taka NE TREBA.So pocit kon nasite vredni penzioneri koi za sreka ne se vo "opeanata"grupa.

    ReplyDelete
  2. Mojata omilena profesorka Borka,sto da kazam za nea sto nikoj ne go znae. Golem intelektualec, zena so golema dusa i srce, koja sto sekogas ke ti se najde koga ke ti treba pomos. Koga zavrsiv skolo nie ne prekinavme da komunicirame, zasekogas ke mi bide prijatel, ne samo profesorka i klasna od sredno koi sto cesto se zaboravaat. Ve sakam mnogu i edvaj cekam da ve vidam Kiki (ke znae Borka koj e)

    ReplyDelete
  3. Гледањето ми е
    Господова мана
    Па нека е и само
    “гледање од страна”

    Не јас не сум Гатач,
    а уште помалку бајач
    За ова знае и овој ден бел
    па затоа го воскреснав Рацин цел

    Пусти нека се пусти
    Крунисани аргатски дни
    Наутро радост со себе понеси
    навечер тага само донеси

    Сликај спокојно сликај
    Немаш претенденти
    А за мене...
    Одговорот е многу јасен
    “За круна” – благодарам не

    ReplyDelete
  4. Со почит кон последниот „анонимус“:

    Прво, да ти кажам, што ме читаш фала,
    второ, за зборовите мои обично не жалам,
    можеби те болат, те провоцираат да вратиш,
    но, се надевам дека нема ти да патиш.

    Целта не ми беше да те навредам тебе,
    ниту да се ставам во преден план себе.
    Најмногу јас ценам мозок и умна глава
    некој кога враќа со мерка права.

    За одговорот твој, ти пружам рака
    се надевам нема да продолжиме вака.
    Често, да знаеш, ми фали нашата дружба
    без нискости, сопки, провокации и тужба.

    Ако стварно кај тебе нема ниски страсти,
    ако стварно си без влијание од власти,
    дојди кај мене, јас прва ќе те бакнам
    а, ако грешам од земја ќе се акнам.

    ReplyDelete
  5. osetot vas se vide
    na kurban bajram
    koga slatkoto go izede
    no na nikogo ne mu cestita....

    ReplyDelete
  6. Ќе умрам од љубопитство ако некој не ми каже што се случува.Кој е Рацин,кој анонимус и на крајот кој е тој "безобразен" што го изеде слаткото?

    ReplyDelete
  7. Многу ми е жал што тука ќе ги прекинам препукувањата. Мислам дека возрасните може да се сретнат и во лице да си ги кажат „проблемите“ што ги мачат. Сите што имаат желба, а и храброст, знаат кај да ме најдат и да ми кажат што мислат. Јас барем не сум „анонимус“. Важи и за љубопитните...

    ReplyDelete
  8. Дај Боже сите да дочекаме како нив. Камо ние младите да доживееме 64 или 62(зависи маж-жена)

    ReplyDelete