Семинарите, обуките, работилниците и разните натпревари се случуваат постојано во текот на годината. Јас навистина не можам ни да стигнам да информирам за нив.
Центарот за стручно образование, во нашето училиште, организираше средба на директорите и професорите по стручни предмети за новитетите кои се планираат во стручните училишта.
Средбата беше информативна и работна, а сите сугестии беа добредојдени.
Директорите многу сериозно ги прифатија сугестиите, и се сложија со нив.
Главната поента беше во тоа, дека треба да се овозможи полесна преодност на учениците од трет во четврти степен на образование. Односно, наставната програма да се прилагоди за да овозможува полесна преодност. Сега, работите не се баш добри. За илустрација: ученик кој завршил тригодишно образование треба да полага околу 14 диференцијални испити за да може да го продолжи своето образование. Тоа можеби и би било во ред гледано од страна, но не е во ред кога се познаваат работите. Учениците од трет степен секоја година имаат повеќе предмети од останатите (учат хемија, биологија, географија), стручните предмети им се слични, но не баш исти. И, откако ќе завршат, иако имале повеќе предмети, тие треба да полагаат уште колку за две години за да стигнат во четврта. Значи, се надевам дека во Центарот за стручно образование ќе најдат сили оваа неправда да ја исправат.
По неколку дена се случи и една работилница во која учествуваа претставници од нашата младинска организација „Млади градители“. Целта на оваа работилница беше јакнење на капацитетите на локалните младински организации, а учество на обуката земаа повеќе средни стручни училишта од Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово.Цел на проектот: Хуманоста и алтруизмот, одлики на секого!
Резултат: Пари за СОС !
Следна фаза по дефинирање на проектот беше SWOT анализирањето
- S (јаки страна на проектот)
- W (слаби страни на проектот)
- O (предности, можности)
- Т (закани, пречки)
Трета фаза беа активностите за спроведување на проектот
А) Стратегија
Б) Носители
В) Време на реализација
Г) Идентификатори
Во последната фаза беше одредување на потребните финансии, буџетот. Обуката ја завршивме со договор да ги информираме директорите на 4-те училишта, и да побараме да го поддржат овој проект.
Од нашето училиште учество земаа наставник-менторот Жанета Димитриевска, потпретседателот на л.м.о. Гаврил Карловски и активниот член Сузана Костовска.
Од нашето училиште учество земаа наставник-менторот Жанета Димитриевска, потпретседателот на л.м.о. Гаврил Карловски и активниот член Сузана Костовска.
(Текстот и дел од фотографиите се на Гаврил - него секаде го има, и не знам што ќе правиме кога ќе матурира. Ќе те вработиме во ГУЦ).
Во меѓувреме имаше и натпревар за маркетинг планови и реални компании, но за жал, немаме фотографии и многу информации од таму. Како и да е, ние и таму земавме активно учество.
lelee, gotovo, me vrabotija :)))
ReplyDelete