14.11.09

Ден на дрвото 2009

Акцијата за пошумување на Македонија т.н. „Ден на дрвото“ е можност да излеземе во природа, да се дружиме на поинаков начин и сите да придонесеме (ако има можност) во спасување на природата.Од нашето училиште многу голем број ученици и сите вработени се вклучија во акцијата.
Во 8 часот три преполни автобуса отидоа на Ајватовски Рид.
Во нашиот двор, професорката по биологија Билјана Атанасовска, со својата секција, направи сопствена акција.
Од градот добивме четири зимзелени и четири листопадни дрвца. Професорката, заедно со учениците, ги насадија во предниот дел од дворот.

Најмногу се измачија со 20 години неископаната земја обрасната со пиреј.
Но, вложениот труд се исплати...

Во 10 часот, дојдоа уште три автобуса кои исто така се преполнија...

А од лицата на професорите може да прочитате колку беа среќни што ќе одат на „ридот“.


Сепак, сите се качија во автобусите, а како си поминале, тие си знаат...
Во училиштето остана само мала група да ја доврши започнатата работа...
Да се надеваме дека сите дрвца посадени денес ќе се фатат и ќе растат.



4 comments:

  1. Значи,професорите најсреќни од сите(на чело со директорката)

    ReplyDelete
  2. Ај професорите ,,што се среќни,, ама јас не знам што толку убаво гледаат учениците?? Тепачка кој да оди еј!! За што? Да се возат 150луѓе во автобус и да ме возат како компир??

    ReplyDelete
  3. e da be kompir! bas bese ubavo!

    ReplyDelete
  4. Не, не, не дека не беше убаво, ама организацијата со превозот беше... срамота! А дека е добро да има вакви акции за пошумување на природата ДА, ОК, ама, пак организацијата со превозот.... 1500 ученици со 3 автобуси! Кај го има ова ако не кај нас??? Било, е и ќе си останеме такви и никој нема да не смени! Не не бива и не не бива. Тоа е закон!

    ReplyDelete