Речиси идентично како учениците, и професорите се подготвуваат за на екскурзија, каде малку ќе се прошетаат, малку ќе се забавуваат, а најмногу ќе избегаат од секојдневието и товарот кое тоа го носи.
И речиси идентично, сите сакаат да одат на екскурзија, а кога таа ќе се организира, не одат ни 20%. Зашто, кој нема пари, кој има друга работа, кој нема друштво, и така... Ние, колку и да бевме, си тргнавме на екскурзија во Струмица.
Патем застанавме на куса пауза, каде некој си купи суви пиперки за гравче...
А потоа, направивме мал одмор во Штип.
но освен ветер и добра пастрмајлија, во Штип не видовме ништо...
По добриот ручек, повторно во автобус и право во Струмица.
Добро, не баш право, бидејќи скршнавме во Радовиш за да ја видиме новата црква што ја изгради Гуштеров,
во која најмногу ми се допадна внатрешниот поден мозаик...
Во Струмица не дочекаа топлиот ветер, преполните продавници и бутици, ефтините кафани и кафулиња и врвулица од луѓе.
По вечерата, следуваше забавата до 4 сабајле...
Прво во „Гала“...
а потоа во Селект... каде директорката од задоволство поради добрата забава и дружење не частеше (ни ги плати сиииииииииите пијачки).
По кусото двочасовно спиење и по појадокот, не многу расположени за шетање се упативме кон манастирите Водоча и Вељуса.
Но, таму, убавиот воздух, мирот и тишината ни ја вратија силата.
каде љубезната монахиња не пречека и ни раскажа за историјата на црквата, фреските и монашкиот живот. Потоа се повлече и не остави да уживаме...
во глетката...
А, што се всушност парите на челото на професорот по македонски јазик?
ReplyDelete??????
Е, што се де, што се?
ReplyDeleteDenari,evra.........
ReplyDelete