19.8.10

Македонија - земја на неоткриени и недопрени богатства

Лето... време за одмор, за шетање, за читање и уживање. За жал уште малку ќе заврши. Гледам по мене - почнува да ми здосадува уживањето, што значи привршува и летото.
И, да... како што си најавив на почетокот од летото, на одмор бев дома, поточно шетав низ
еден дел од Македонија.
Првичната идеја ми беше за 2-3 недели да ја прошетам цела Македонија, зашто нели, малечка е, ама... за дваесетина дена успеав да поминам само четвртинка (од западниот дел), а и таму
испуштив многу места - па ќе мора да се навраќам. Впрочем, што ќе правев цел живот, ако
успеев да ја остварам првичната идеја?
Македонија...

Колку повеќе си ја запознавам мојата Македонија, толку повеќе и се восхитувам и сакам да се зачува таква каква што е.  Мислам дека странците, туристите кои евентуално би требале да ги привлечеме само ќе ја уништат, ќе ја изгазат, осквернават и ќе ја направат обична. Ќе допрат до сите недопрени и скриени од јавноста убавини, божем ќе им се восхитуваат - а нема ни да ги сфатат, ни да ги доживеат - само ќе ги штиклираат во својата агенда.
Но, ние треба да си ја откриваме нашата Македонија, зашто секое нејзино катче е уникатно, свое, различно и бесценето...

Во наредните постови... моите доживувања од Македонија...

No comments:

Post a Comment