Денес ми се наполни душава кога прочитав една модерна, креативна, промислена, проткаена со хумор писмена работа, ми се наполни душава зашто сфатив дека духот и паметот ниту една политика, ниту една власт, никој, ама баш никој - не може да ја задуши до крај!
Со дозвола на ученикот, со псевдоним Кристијан Чаирски го пренесувам текстот во целост.
Со дозвола на ученикот, со псевдоним Кристијан Чаирски го пренесувам текстот во целост.
Љубовта кон верата и татковината - посилни од смртта
(инспирирано од „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински)
Не сум баш некој верник, ниту би го положил мојот живот за
државава, барем не во ова време. Сигурно исто се чувствуваат и моите родители,
другари, а мислам дека тоа чувство нема да се промени ни кај наредните
генерации.
Колку
ли е само интересно да ги споредуваш луѓето од минатото со денешниве
де-генерации. Сигурно тогаш имале за што да се борат, односно немале тоа што го
имаме ние денеска. Ние немаме волја, немаме чест, уво нè не боли за некојси
Пинџур од 19 век или некојаси Цвета што некој Турчин сакал да ѝ прави срамотно.
Генерација порасната пред телевизор, чии родители, пак, пораснале во
социјалистичко време каде што верата и љубовта кон својата татковина па и не
биле баш застапени. Што сакам да кажам? Можеби ние и сме немале добар пример.
Можеби и не ни треба пример, можеби ни треба причина. Леле, колку би било филм
сега Турците пак да нè окупираат. Можам да се замислам, онака, работам на нива
цел ден за кришка леб, иако сечениот леб не ни бил измислен тогаш, ама ајде,
шо - 21-ви век сме, земам си ги пасам овците, флертувам со чупињата од
соседното село, земам кавалот и вежбам за на Ристе славата - свирката де, и
така, по напорен ден, посветен на труд, си идам дома и глеам некојси Турчин
земал ми ја јаде храната, ја замара баба ми, ја дрогира жена ми и ја носи кај
него во харем. Ма како не би спиздел? Зимање тоа менлихерот, викање Рики,
викање пола село, јавнување на магарето - бап,
на прва одма, и идеме да протестираме, пошо така се решаваат работите
тука. После иде судскиот процес, магарето до Битола, плаќање на џандарот за
кафе и цигари, исто и на тој пред врата, ама на судијата му носам бајадера и
виски. Така сè брзо се рашава тука и си се враќам од кај што дојдов.
Можеби
тропам глупости и се потсмевам на некои работи што не се за потсмев, ама има ли
разлика меѓу 19 и 21 век, освен сечениот леб, нормално? Финтата е што уште има
сељаци, луѓето се чувствуваат како аргати, а правниот систем ни е
„најдемократски“ во цел свет. Сепак, горд сум што сум Македонец и што израснав
тука и вака. А за верата, има време, ќе одлучам подоцна.
No comments:
Post a Comment