3.6.09

Зошто професорите не ги сакаат, а учениците ги обожуваат компјутерите

Цело второ полугодие во ГУЦ нема метеж по ходниците, нема многу ученици во дворот, сите се некако премногу тивки и мирни. Ова се должи најмногу на наместените компјутери кои учениците едвај ги дочекаа, а предизвикаа негодување кај професорите.
Иако се форсираше „неписменоста“ на професорите и дека е тоа причината за нивното негодување, сепак не е само тоа. Туку...
Ова е погледот на професорот кон учениците кога е седнат:


Сосем малку се менува погледот кога е станат:



Учениците маѓепсано гледаат во своите монитори, за време на часовите, на одморите, секогаш...
Да, професорот може да ги контролира што ќе гледаат, може да го исполни часот со свои содржини испратени преку монитор, но не може да ги види лицата на учениците. И кога ќе им ги исклучите компјутерите за да поразговарате со нив, покрај тоа што ќе треба да го истрпите силното негодување од нивна страна, нема да си ја остварите целта. Зашто целиот лик на ученикот не можете да го видите, тој е скриен зад мониторот и вие треба да разговарате со по едно око од секого.
Навистина образованието на овој начин може да се поткрене на повисоко ниво, да биде посовремено, поприфатливо за новите генерации, но токму тука е мојата грижа. Што ќе се случува со нашата младина во иднина?
Тие стануваат зависници од компјутерите. На компјутер се дома, на компјутер се во училиште, не излегуваат надвор, не излегуваат ни на голем одмор.
(Ова е најблиската средба за време на голем одмор. Да ти објаснам како, ако не знаеш...)


Тие речиси престануваат да комуницираат „во живо“. Дури и учениците од ист клас комуницираат преку месинџер, наместо гласно да си го кажат она што го мислат.
Загрижена сум и како мајка и како професор. Како овие млади луѓе ќе водат љубов? Како ќе создаваат семејство? Виртуелно?

Учениците, пак, немаат вакви грижи. Нив им е најлесно да си живеат во овој нереален свет.

„Упаѓањето“ во нивниот свет (гасењето на компјутерите) им паѓа тешко, па затоа се кријат зад мониторот. Не можат брзо да се сконцентрираат и да ги пренасочат мислите кон вас. Додека им зборувате, тие ништо не ве слушаат зашто мислите се уште им се врзани со невидлива нитка за „светот на интернетот“.

Не мислам дека е ова јаз меѓу генерациите. Јас сосема ги разбирам бидејќи многу време поминувам на компјутер. Но, како возрасна, донекаде можам да ја контролирам оваа зависност и да се враќам во реалниот свет. А тие како многу млади луѓе потешко се контролираат и и се препуштаат на зависноста.



2 comments:

  1. Потполно се согласувам со се.

    ReplyDelete
  2. Добар осврт Професорке, многу реално вистинито. Јас сум многу одамна на интернет (некаде далечната 1996) и денес максимално го користам (сега пишувам од покрај базен-а на одмор сум со семејството) но јас сум возрасен и можам да одделам реален од виртуеле живот.
    Но сепак, кое е решението? ДА нема компјутери по училиштата? Не смее да има игри, и просефосрот мора да има увид во се што се случува на секој комјутер (има администраорски лог програми). Не смее да има пристап до сите страници на интернет, однонсо да има пристап до страниците кои се потребни за таа настава. И секако, МОРА да се изработат и дигитални наставни програни, зошто вака каде е поентата, што и како ќе предавате користејки ги комјутерите?
    Треба да се изнајде некоја средина, може Министерството да прати неколку професори од некоилку училишта да одат во земја каде се понапредни во оваков начин на предавање, па слична програма да се спроведе и кај нас.

    ReplyDelete