Слично како „бесмислените бројки“ на Нено, се однесуваат и критиките, и тие се сосема бесмислени.
Критиките секогаш се однесуваат на грешките, слабостите, пропустите и се добива впечаток дека „нештото“ не го бива. А не е така.
Ако некоја книга, театарска претстава, глума, текст, свирка и сл. во својата суштина е добра, односно одлична - за позитивните страни можеме да кажеме само два-три збора: супер е, екстра, одлично, прекрасно, но за неколкуте пропусти, можеме да зборуваме долго, да изнапишеме и 100 страници. Штом сме кажале нешто - тоа значи дека сме биле допрени, тоа оставило впечаток на нас, а забелешките се само наше видување за „нештото“ да стане совршено.
Примери за ова има безброј, поточно, секое вредно нешто ако добие забелешки за пропустите, всушност значи дека е вредно.
По училишната претстава моите коментари на глумците беа - супер бевте, ама... - таму и таму малку згреши, ваму претера со „глумење“ итн. И, од ова може да се сфати дека не биле добри. Зашто само еден збор беше пофален, а се друго беше за ситните „грешки“ кои другите не ги ни забележале.
Нормално е дека критиките „погодуваат“ и болат, но ако сме доволно свесни за вредноста, треба да ја надминеме таа болка која ни ја предизвикува најчесто некоја безвредна личност.
На пример, за мојот „прирачник“ за матуранти, секоја година се наоѓа по некоја „новинарка“ која ќе искоментира по нешто - во стил дека не е одобрен од Министерство и дека не смее да се користи во настава. Впрочем, него никој и не го користи во настава, го користат матурантите од 20 мај до 11 јуни - и толку. Првата година ме погодија критиките, заканите, нервозите кај некои автори на учебници - но, тогаш бев нова, првпат ми беше. Сега не ги ни читам, не ме засегаат и ги сметам повеќе како реклами отколку како сериозни критики. Сега повеќе ми пречи што 90% од учениците го фотокопираат, па јас не можам да се ослободам од залихата. Ама тоа никој од „новинарите“ не го спомнува. Кај се авторските права, кај е незаконското работење на фотокопирниците, кај е тука законот? Тоа е одобрено од Министерство - така?
Не ми беше тоа зборот, ама бидејќи си е мој примеров, за него знам најмногу.
Зборот ми беше дека не треба критиките да се сфаќаат пресериозно. Тие остануваат во критикуваниот да тлеат уште долго, ако не и засекогаш, а оној што ги кажал ги заборавил веќе следниот момент, а можеби и не мислел баш така, ама така му дошло...
Да бе, баш пред некој ден читав во весник една новинарка која е „специјализирана“ за образованието го критикуваше твојот „илегален“ Прирачник.
ReplyDeleteА новинарката е специјализирана за таа тема оти за други теми уредниците ја сметаат за некадрена и не и’ даваат да пишува.
Таа е експерт за образованието, а ти Билјана не си. Што знаеш па ти за образовниот процес?
Со такви „експерти“ кому му требаат дунстери?
Ај што ти го згрешила презимето, туку пази и’ ја логиката: „Ова не е првпат незаконски да се продава литература во книжарниците“
Јадна и жална е кутрава Македонија штом стана незаконски да се продаваат книги во книжарниците. Што треба да се продава во книжарите? Зелки и модар патлиџан?
Што има незаконско во тоа книга со авторски права и со дозвола од авторот да се продава во книжара?
Ќе не` биде штом придавката „илегално“ почнавме да ја поврзуваме со книги, а не како до сега со пушки, бомби, „пејачки“, кои изгледа се доволно легални. Пази се МАКЕДОНИЈО , може да те „бомбардираат“ со „илегални“ книги.Бреееее, до каде оди човечката глупост (додуша бескрајна е ,што би рекол чичко Ајнштајн). Каце.
ReplyDelete