21.6.10

Мојата убава Македонија

Одмор....
Секој си го сфаќа на свој начин, но во суштина мора да биде бегство од секојдневните обврски, од напорната работа, од здодевното едно те исто, од луѓето со кои цела година „се замараш“, од домашниот амбиент кој сакаш малку да го смениш, и така...
Традиционално сфаќање на одморот е: море, плажа, капење, сончање, легачење, јадење, шетање...
Е, ама што да се прави кога Македонија нема море? Си имала таа, најубавото море си го имала, ама „злобните НЈС“ и го грабнале. И сега нема. Па пустите ние, мора да се снаоѓаме. Од политички причини, од лутина заради „добриот“ соседски однос кон нас - блиските дестинации ни се речиси одвратни. На југ, само што ќе помислам, се ежам од грозење; на исток, слична песна; на запад, што да ви раскажувам. Турција далеку, се друго предалеку.
И, најголем дел од Македонците решаваат да затворат очи, да затнат уши, „да стегнат срце клето да не пушти вик“ и се упатуваат кон југ. Со среќа и убаво да си поминете. Јас не можам, повеќе би ми било замор со грижа на совест отколку одмор.
Веројатно затоа, веќе неколку години наназад го менувам мојот став кон одморот. Мора ли да биде море? Убаво е, релаксирачки, ама не мора. Од одморот барам само мир, само да престане телефонот да ѕвони, само можност да им се посветам на работите кои ги сакам и да избегам на неколку дена во природа каде погледот ќе ми се одмара во убавините на мојата Македонија. Во нејзините планини, реки, езера, полиња, цркви, историја...



2 comments:

  1. Признавам дека не ми е јасно зошто за пливање некому би му требало море.

    Никој не плива среде морето, ами во близна на брегот т.е на плажата, и тоа до 20-30 метри од брегот максимум (понатаму е предлабоко).

    Е сега, ако само 20-30 метри се потребни, тоа може и во езеро да се најде, нели? Дури и во базен, ако не му треба долга плажа на одмарачот за попладневно шетање.

    Тоа со „ми треба море за пливање“ му доаѓа исто како „ми требаат милион долари за да не се секирам за пари“.

    Најчесто на луѓето им се доволни и неколку десетици илјади евра за да се ослободат од сите долгови што ги имаат, да си купат кола-две и стан, и можеби некој деловен простор кој потоа ќе го изнајмуваат за 500-600 евра месечно, и да не се секираат за пари потоа.

    Исто како што за пливање се доволни едвај дваесетина метри вода.

    Море? Морето е таму каде што ти е срцето :-)

    ReplyDelete
  2. mojot komentar e mnogu ubav

    ReplyDelete