29.5.10

Хуманитарна претстава од ГУЦ

И оваа година, како лани, направивме училишна хуманитарна претстава. Веројатно поради искуството, сè беше многу подобро од минатата година во организациски и технички поглед. Всушност, сè беше многу професионално.
Претставата се одржа во МКЦ (на 27.5.2010 г.), каде секогаш ни излегуваат пресрет, а салата беше преполна, што значи дека и средствата што ги собравме не се за потценување. 
 Директорката со почесните гости кои ја изразија најголемата благодарност за овој чин

Глумците беа вистински професионалци, за мене подобри од голем дел од оние што „глуматаат“ во Драмски и МНТ. 
Публиката со воодушевување ја следеше претставата и на крајот беше навистина задоволна и искрено им честиташе на учесниците и на главните „виновници“ на целиот проект - професорите Стево и Флорита. 
 Се надевам дека ваквите претстави ќе станат традиција во ГУЦ и од година во година ќе бидат сè подобри.

3 comments:

  1. Повторувањето е мајка на знаењето (т.е. искуството).

    Незнаењето (неискуството) е мајка на повторувањето.

    Значи...

    Незнаењето е баба на знаењето :-)

    Од таму, ако нешто сакаш да направиш совршено, во првиот обид мора сосема да се обрукаш!

    ReplyDelete
  2. Не бе, и првиот пат не се обрукавме, ама сега беше речиси совршено.

    ReplyDelete
  3. За деца од 17 год. и само 1 месец работа, беше и повеќе од совршено. Уште еднаш јавно повторувам: ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ. Ни се враќаат „златните генерации“.Каце.

    ReplyDelete