Кој уште се сеќава што празник беше 1 Мај? А и кому му е тоа важно?
Важно е што во мај природата е најпрекрасна и што предизвикува сите да се чувствуваме екстра.
Важно е што си ја негуваме традицијата за собирање со пријателите.
Важно е што си правиме скара.
Важно е што си пиеме пиво.
Важно е што се растрчуваме по зелената трева,
што го чувствуваме мирисот на пролетта,
што погледнуваме дека надвор имало и сонце (за разлика од затворените простории),
што создаваме нови моменти за раскажување.
Што е важно што некои пресериозно го сфаќаат празнувањево - па си наредиле шатори крај Пчиња во Катланово, што кренале огнови до небо, што донеле зурли и тапани - па цела околина ечи, што куп луѓе завршиле на токсикологија?
Ништо не е важно, а најмалку од се е важно да знаеме што празник е 1 Мај (и така сега веќе не важи баш).
Дружбата и добрите пријатели се најважни. Поводот е најмалу важен.
ReplyDeleteТака е. За мене високо место во важност фаќа и природата - треба да се подзагледуваме во неа, а не да ја игнорираме или не дај боже да ја уништуваме.
ReplyDelete