Една од поубавите работи направена во последно време во Македонија е реконструкцијата на праисториската наколна населба кај Градиште на Охридското Езеро.
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |

Целиот комплекс ја опфаќа наколната населба, затворен музеј, ресторанче, прекрасно уреден парк, нуркачки центар, обновен римски каструм од 1 век со видиковци. Севкупно – прекрасно место за посета и престој во текот на денот.
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
Надводните наколни живеалишта се специфични за праисторискиот период и во Македонија ги имало на многу места, односно секаде каде што имало вода – езеро или мочуриште. Крај Охридското Езеро има остатоци од повеќе вакви населби, а една од нив е оваа – во Заливот на Коските. Подводната археологија кај нас е многу млада – со истражувања е започнато 1997 година и тоа повремено, па затоа напредокот кој е постигнат и оваа реконструкција ги сметам за особено голем успех.
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
Со истражувањата што се направени, евидентирани се 6000 дрвени колци на површина од 8500 м2, на длабочина од 3 до 5 метри и оддалеченост од брегот на десетина метри. Движниот материјал – цели и фрагментирани керамички садови, камени артефакти и фрагментирани животински коски се со хронолошка припадност на крајот на бронзеното и почетокот на железното време, односно меѓу 1200 и 700 година пред нашата ера.
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
|
Наколна населба - Охрид - Залив на коските - Градиште |
Сега се реконструирани осум куќички, но се планира да се направат уште 16.
Внатрешноста на куќичките е исто така преубава, автентична - и имате чувство како да сте се вратиле во времето...

На ридот над населбата се наоѓа римскиот каструм од 1 век наша ера – што претставува едно сосема друго време од нашата историја.
|
Римски каструм - Охрид - Залив на коските - Градиште |
Ова воодушевува. Ова е она што ја прави Македонија вредна за зачувување и промоција. Но тивка, искрена и заштитничка промоција, која ќе го сподели но зачува драгоценото. За нас и нашите идни генерации. Да остане автентично и свое! Но во истовреме и да се вреднува. Прекрасно. Своевремено сме ја газеле или препливувале оваа дестинација, која очигледно е место кое крие вдахновена историја, воздишки и иднина. ... Поздрав, Шпанец.... од Охајо, САД!
ReplyDelete