Да се пишува за охридските цркви е преголем потфат. Неколку дена заглавив со ова... од каде да почнам и каде да завршам... да не го натрупам со многу текст и многу слики - ама не успеав. Ова е најкратката верзија...
За Охрид велат дека е втор Ерусалим, по бројноста на црквите и манастирите и воопшто светите места. Интересна е приказната дека во Охрид и околината имало 365 цркви - за секој ден во годината по една... Сега не се толку, ама ги има во голем број...
Катедралната црква Св. Софија што се наоѓа на подножјето на охридскиот рид е изградена врз темели на ранохристијанска базилика. Иако неколкупати горена (со исцрнети надворешни ѕидови), сепак, во неа се зачувани најстарите фрески сликани во периодот од 11. до 14. век. Катедралата неколкупати ја менувала својата намена - била повеќевековна соборна црква на Охридската архиепископија, потоа била претворена во џамија, па во магацин, па повторно црква.
Во црквата исклучително место заземаат фреските од 11. век во олтарниот простор каде е насликана галерија портрети на цариградски, антиохиски и ерусалимски патријарси, архиепископи и епископи. На јужниот ѕид на ѓаконикот се наоѓаат првите портрети на творците на словенската писменост - св. Кирил (Константин Филозоф) и св. Климент Охридски.
|
Св. Софија Охрид - St. Sofija Ohrid |
|
Св. Софија Охрид - St. Sofija Ohrid |
|
Св. Софија Охрид - St. Sofija Ohrid |
|
Св. Софија Охрид - St. Sofija Ohrid |
Сегашната црква Св. архангели Михаил и Гаврил е изградена врз темелите на старата црква од 9. век на
Св. Наум Чудотворец, во 16. - 17. век. Во 1799 година бил изграден Наумовиот гроб, а од 1800 до 1806 година бил насликан живописот во централниот дел на црквата и во припратата кај Наумовиот гроб.
Иконостасот во црквата е изработен 1711 година во плитка, стилизирана резба во дрво.
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
За жал, мене ова место ми се виде уништено од туристите. Надворешно се изгледа фино, средено, дотерано, неуништено - баш репрезентативно - но, никаде немаше ниту еден монах, никаде мир - само полуголи луѓе кои од плажа дошле тука да ѕирнат што има интересно. А и „домашните“ се прилагодиле на ваквата состојба - наплатуваат влезница за црквата, проспектите од 10 ливчиња ги продаваат по 200 денари, конаците станале кафеана и хотел - и затоа, веќе ништо свето не зрачи од ова место. (Единствено кај гробот на Наум имаше останато делче од почитта што треба да се оддава на оваа убавина.) Во централниот дел на црквата ми се згади од потписите на некој Ќани (или слично) врз малтерот...
Само влегов и излегов внатре - без чувства, без воодушевување - само со згрозеност...и ужасна тага.
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid |
|
Св. Наум Охрид - St. Naum Ohrid | | | |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
Црквата
Св. Јован Канео се наоѓа на најубавото место во Охрид и ја има на сите разгледници :)
И бидејќи има напишано толку многу
за неа - глупаво е да се повторувам...
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Св. Јован Канео Охрид - Kaneo Ohrid |
|
Плаошник Охрид - Plaosnik Ohrid |
Над Канео - на пространата висорамнинка (
Плаошник) се наоѓа новореконструираната прекрасна црква Св. Климент и Пантелејмон. Таму се наоѓаат моштите на Св. Климент.
|
Плаошник Охрид - Plaosnik Ohrid | | |
|
Св. Климент и Пантелејмон Плаошник Охрид |
|
Св. Климент и Пантелејмон Плаошник Охрид |
|
Св. Климент и Пантелејмон Плаошник Охрид |
|
Св. Климент и Пантелејмон Плаошник Охрид |
|
Св. Климент и Пантелејмон Плаошник Охрид |
|
Св. Климент и Пантелејмон Плаошник Охрид |
No comments:
Post a Comment