24.8.09

Македонија во Римското Царство (5)

Откако Македонија била поразена од Рим, станала Римска Провинција Македонија. (Ни големиот Рим не го променил името на Македонија). Бидејќи се наоѓа во срцето на Балканот, Македонија е крстосница и алка која ги спојува истокот со западот, северот со југот.
Според археолошките пронајдоци во Македонија јасно се гледа дека во тој период Римјаните вложуваат во изградба на патишта кои го поврзувале Рим со Истокот, а со тоа процутеле и крајпатните населби.
Најзначаен римски пат изграден врз стариот македонски е Виа Игнација кој минувал низ јужниот дел на денешна Македонија (односно низ Централна Античка Македонија).



Остатоци од Виа Игнација има во Македонија, кај Струга,



во Радожда:



Крај овој пат и старите населби стануваат богати и големи градови. Особен процут доживува Хераклеја Линкестис.


Се смета дека градот го основал Филип Втори Македонски (или Филип Петти), но особено се развива во римскиот период.
Освен големиот амфитеатар,


во Хераклеа вреди да се видат мозаиците во Малата и Големата Базилика од ранохристијанскиот период.




Малку понасевер, на патот кој го поврзувал Дунав и Егејското Море, меѓу Вардар и Црна Река се наоѓа археолошкиот локалитет Стоби. Стоби е стар Пајонски град кој се развил во времето на Римското Царство.

(линк за проект од ии)


И денес Стоби е идеално место за посета. Локалитетот е речиси пресечен со автопатот кој води кон нашиот јужен сосед. Направени се одлични приоди, влезот е бесплатен, но посетители сепак нема. Автомобилите само си поминуваат крај (над) стариот град, тивок и незабележан. (Недостасуваат реклами и продажба на приказната).
А, во Стоби навистина има што да се види:




Локалитетот е подготвен за посетители. Патеките се добро уредени, натписите се јасни, има клупи за седење и автентични корпи за смет.




Градбите се добро сочувани, а богатите куќи со мозаици:


Восхитуваат мозаиците во базиликите,




Римскиот форум,


затворот, коцкарницата, бањите, градската чешма,



и прекрасната крстилница со најубавиот мозаик (детаљот со паунот од десетденарката). Објектот моментално е недостапен за јавност.

Во Стоби можете да го почувствувате Стариот Рим, а кога ќе се вратите во реалноста, крај локалитетот има симпатично кафеанче каде може да се освежите и да се напиете кафе. Ако минувате по автопатот, не го одминувајте Стоби!



No comments:

Post a Comment