Според последните податоци (од 2006г.з.м.), Македонија поседува 7.081 недвижен споменик од кои 4.293 се археолошки локалитети, 992 цркви и манастири со над 150.000 метри квадратни фрескосликарство, над 22.855 икони и 240 иконостаси, балдахини и владички тронови изведени во резба, објекти од рурална (220) и урбана (379) архитектура, 47 кули, бедеми и мостови, 12 урбани и рурални ансамбли, 188 објекти од стопански карактер, 1.000 споменици и спомен-обележја, 228 објекти од османлиска архитектура (џамии, анови, амами, стари чаршии и сл).Музејските и галериските колекции содржат над 500.000 експонати (археолошки и етнолошки предмети, предмети од историско значење, како и предмети од применета уметност).Во 1980 година во Листата на споменици под заштита на УНЕСКО е внесен и регионот на Охрид со езерото и културното наследство на градот и потесната околина.Mакедонските градови од периодот на антиката се наш најголем трезор.
Ова е причината поради која на вакво место не можат да се претстават значајните (и другите)
археолошки локалитети во Македонија. Во минатиот пост ги споменав само Хераклеа и Стоби и само што го направив тоа, не можев да си простам што не ги ни споменав Лихнид (Охрид), Баргала, Скупи, Стибера, или претходно Исар Марвинци, Вардарски Рид, Вилазора и многу, многу други.
Затоа, ако ве интересира разгледајте ги предложените линкови.
No comments:
Post a Comment