На почетокот од римското владеење (168г.п.н.е.) Македонија имала делумна независност, но само дваесетина години подоцна таа ќе биде претворена во Римска колонија. Следните векови ќе доживее неколку административни реформи кои во 4 век ќе резултираат со поделба на две провинции: Macedonia Prima со центар во Солун и Macedonia Secunda со центар во Стоби.
Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теренот на новоосвоената Дарданија, веројатно во 13-11 год. пр. н.е. Подоцна, во време на царот Домицијан (84-85год.) Стоби добил статус на колонија и неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum. Во текот на II век, Скупи добива особено репрезентативен лик, при што централно место зазема монументалниот театар кој не е целосно откриен, а е најголемиот во Македонија и собирал 9000 гледачи.
Дел од големата базилика во Скупи,
бањата,
Градот Скупи најверојатно не бил поштеден од страотните разурнувачки напади на Хуните во 447 год., а во 518 г. Скупи настрадал во катастрофален земјотрес, забележан во Хрониката на Марцелин Комес.
Во ова време е изграден и скопскиот аквадукт. Денес, дел од аквадуктот може да се види, но пристапот е лош, а нема ниту еден единствен знак дека тука постои такво нешто. Погледнете го проектот на Институтот за информатика (дигитализација на националното богатство) за скопскиот аквадукт.
Супер е.За жал, аквадуктот е во лоша состојба, со разјадени столбови,
обраснат со треви,
а на единствениот реставриран дел се потпишал Арменд. Па ете сме јас и Арменд заедно.
Посетители кај овој монументален споменик од римско време нема. Единствени чувари на аквадуктот беа кравите кои ја држеа неговата сенка.
При распадот на Римското Царство, односно поделбата на Западно и Источно Царство најзначајната фигура од Источното Римско Царство (Византија) е Јустинијан Први.
Долги години се барал локалитетот Таурисиум од каде потекнувал Јустинијан и каде изградил голем и убав град, претпоставувајќи дека тоа е некаде во Србија. Местото Таурисиум било во близина на Бадеријана. Македонскиот комплекс на помала вредност (за жал) никогаш не ги поврзала Таурисиум со селото Таор и Бадеријана со Бадер (села во близина на Скопје).
Пред повеќе од сто години требаше англискиот патеписец Артур Еванс да дојде и да ни каже дека Таурисиум е Таор и дека тука некаде мора да е Јустинијана Прима. И навистина пред неколку години откриен е локалитетот Таор.
Јустинијан е познат како кодификатор на римското право кое е основа на денешниот правен систем. Тој е возобновувач на Римското Царство, човек кој го промовира христијанството и ја изградил Света Софија во Истанбул.
No comments:
Post a Comment