4.10.10

Глуварче

Овој пост е малку вон темата што ја терам моментално...
Ама песничкава ја напишав пред некое време, ми се виде слаткаста... им ја дадов на два-тројца да ја прочитаат, и сите ми реагираа - без реакција. Значи, си сфатив јас - врска нема...
Денес, патем, и ја прочитав на ќерка ми... таа милата, се расплака. Затоа решив да ја споделам:



Згасна жолто сонце, месечинка се роди...
сјајна, бела, мека во поле гордо оди,
секој што ќе пројде, поглед и праќа
со восхит и среќа, таа секогаш враќа.

Дојде дете мило во полјана ширна
си поигра нешто и секаде ѕирна
и поглед му падна на глуварче нежно
на лице насмеано, бело-снежно.

Со восхит го зема во рачиња свои
со поглед го гали, ливчиња двои
и посака силно да види како лета
па дувна во него со силата сета...

Во мигот се спружи на тревата долу
чека тоа со очи - затворени полу
бело ситно облаче кожа да му ежи
мисли вечно може во возбуда да лежи.

Но, нема веќе ништо, допир нежен пројде
ветрот го однесе и нема пак да дојде,
отвара очи, очај в нив се раѓа
од рацете само... голо стапче паѓа...

Не е дека многу сакам вакви песни со рими, ама така ми дојде во моментот, и со неа, моментот повторно ми се враќа...

2 comments:

  1. Што е таа предрасуда против римите?

    Што лошо има во римите?

    Обично литературните критичари (кои им го набиле комплексот на креативците дека римите се лоши) самите ништо никогаш не се способни да створат, ни со ни без рима.

    Пригодна оксиморонштина: „Тие што не ти се ни до колена најмногу ти се качуваат на глава“.

    ReplyDelete
  2. Аууу, колку е јака оксиморонштинава - најголем лајк!
    И нема ништо лошо во римите, ама на некој начин тоа е она што мене ми ја прави песнава „слаткаста“ иако во неа е искажана горката вистина на минливоста на животните радости и животот...

    ReplyDelete