15.1.10

Шехерезад - Династија

Вчера, требаше да одам на именден кај еден пријател, Васил, ама не отидов бидејќи имав поважна и неодложна работа.
Денес, се видовме за честито и ни раскажа како поминале гостите.
Невообичаено постарите наместо во 7-8 часот, му дошле во 6. Во 8.30 немал гости - сите си отишле. Младите, кои обично доаѓале во 9.00 никаде ги немало. Зачуден, се јавил кај некој пријател да го праша дали ќе доаѓаат, а тој му одговорил:„Еве, сега, да заврши Шехерезад“. Тогаш на Васил му станало јасно зошто и постарите си отишле.
Па, каков е овој феномен - Шехерезад?
Сите дружби, договори, состаноци да се организираат и програмираат според терминот на Шехерезад, да не случајно се пропушти епизодата!!!
На фејсбук постојано се коментира за Шехерезад, па дури се кажуваат цели реплики. Имаше и Шехерезад честитки за Нова година (Во новата година да бидете сакани како Шехерзад, бизнисот да ви цвета како на Онур, да си имате најдобар пријател како Бену, а љубовта да ви е вечна како на господин Бурхан и госпоѓа Надидан.)?!?
Се сеќавам, кога бев млада, дека Скопје беше празно кога имаше „Династија“. И тогаш не разбирав, а не разбирам ни сега!
Како може да се биде толку зависен од телевизиска серија? За жал, не ги знам содржините ни на едната, ни на другата за да можам да направам поопстојна анализа, ама верувам дека се обични сапуници, без вистински вредности.
Не сфаќам, па тоа ти е. Мора да сум многу глупава...

2 comments:

  1. Далеку од глупава. Ама па интересна е! Ја не сум тој ако пропуштам една серија да плачам, ама пак нешто ќе видам, сепак Шеќерезад ни е колешка... архитектка. Ха, ха, ха.

    ReplyDelete
  2. Коментаров прв е.... зошто била колешка!!! Ај. Мора да го напишал некој од ГУЦ.100%
    Него, замислете да беше од сабајле, пример во 08:30часот сабајле и како што трае еден час ќе трае до 09:00. И??? Ќе се смени работно време, учениците ќе одат во 10 во школо, професорите и сите други ќе им се промени цел ден. Па така е што?
    Еееееј, замисли, да менуваат трабтно време за 1001 ноќ?
    Поздрав

    ReplyDelete