25.5.10

Беше еднаш 25 мај - 25 Мај

Не сум југоносталгичар, ама едно време 25 мај беше празник. Роденденот на Тито - штафетата на младоста и најубавите забави во Домот на младите - 25 Мај (сега МКЦ). Секогаш датава ми асоцира на тоа... нема бегање - 25 мај и Тито се нераскинливо врзани.

2 comments:

  1. Најубавите забави во домот на младите биле „најубави“ само затоа што некој имал монопол врз организирањето на забави во такви пристојни објекти.

    Исто како што Зденка беше најдоброто топено сирење - оти немаше друго на пазарот.

    Патем, Тито бил на седми мај роден. Она 25ти е во спомен на нападот на Дрвар кога Германците водени од погрешните податоци во досието за Тито сметале дека тој ден му е роденден, а ден на младите беше оти оние што го бранеле повлекувањето на Тито биле партизаните - младинци.

    Го дале својот живот тие младичи за да го спасат животот на човек што по војната со Југославија ќе владее како со своја лична приватна сопственост.

    „Другар Тито, за што гинеме, за што ги даваме своите млади животи?“

    „Деца, гинете за да можам утре во слободна Југославија јас да се возам на брод до Египет и Индија и со Насер и Нехру да си разменувам скапи подароци, додека на улиците во Калкута индиски деца гладуваат“

    ReplyDelete
  2. Така е бе Нено, полн си со факти, ама чувството ти изостанува. За мене 25 Мај беше младоста, убавината, слободата, журките, концертите - без разлика на монополот. Што ми беше мене гајле за монополот, бизнисот и животот на Тито? Ама ич!

    ReplyDelete