13.5.10

Кој се плаши од волкот лош?

Иако често си ја критикувам мојата нација - непомирувајќи се со нејзината малодушност, попустливост, веднење глава и сличните работи во контекстот на „Македонче“, сепак, мислам дека и на тоа „Македонче“ некогаш некои работи му доаѓаат преку глава. Едноставно - пука филмот. И трпење, и омаловажување, и попуштање, и спремност за „компромис“ - сето ова во еден момент - кога ќе дојде кулминацијата - престанува да важи.
Десетина години се кали патриотизмот во нацијата, десетина години се кае народецов што некои работи не се решиле кога требале да се решат, поминаа десетина години.
Ништо не е исто како тогаш. Кај народот не е исто. Народот е поспремен да го брани своето. 

Зашто, уште што имаме да загубиме? Државата?
Исти сценарија, исти филмови? Па кој сака да гледа глуп филм по вторпат?
Веќе ги знаеме сите туѓи интереси, знаеме кој ќе се вмеша на чија страна, знаеме и кој е вмешан!
И, кој се плаши од волкот лош? Тие што се плашеа избегаа како... во 2001 година. Сега нема бегање.
Никој не може да ни го земе она што е наше - освен ако самите не му го дадеме!

2 comments:

  1. Оние што се бореа за Македонија во 2001та, особено оние што беа ранети и останаа инвалиди доживотно, кога дојде сегашнава влада на власт им стегна тужби за да ја враќаат оштетата.

    Веројатно тие пари и беа потребни на владава за да ги финансира кампањите од типот „Ти си Македонија“.

    Така да, прашњето не треба да биде „кој се плаши од волкот лош“ љми кој се плаши од овците глупи?

    ReplyDelete
  2. Добро бе Нено, ме загрижи што те нема (се утепав вртејќи кај тебе прошлиов четврток).
    Сосема ти ја сфаќам поентата и лутината која ја чувствуваат ранетите борци. Но, сепак моето мислење за моменталната состојба е малку поповолна од онаа што беше 2001 година. Тогаш многу малку беа спремни да се борат, и речиси сите испобегаа. Барем во моето опкружување е така - сега за разлика од тогаш, нема да бегаат. И ме нервира начинот на потпалување и нивната сигурност дека пак ќе не победат. Не верувам дека ќе се предадеме по вторпат. Поздрав.

    ReplyDelete