23.5.10

По повод Гане Тодоровски

Почина Гане Тодоровски. Бог да го прости.
Искрено, многу ми е жал. Тој беше еден од моите омилени луѓе, пред сè, а потоа патриоти и поети, и секако професори.
Оваа песна ми е една од неговите омилени... баш е негова..

Биографија

Се родив
Тоа е совршен факт
Живеам доста
Тоа е веќе непорекливо

Кому му требам
Секој е должен сам да знае

Пречам ли некому
Нека ме одмине
Премногу е непожелно
Да бидам одбран за враг

Вражја е живеачката
А јас сум рековме нејзин факт

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

Заради него влегов во МААК, надевајќи се дека македонската интелигенција ќе може нешто да направи, но за жал, како што се распадна партијата, така се распаднаа и моите надежи за такво нешто.
И, уште една негова песна, која иако е напишана седумдесеттите години, сè уште е актуелна:

ФУСНОТА БЕЗ ПОВОД

Ги оставивме мускулите на село,
ги оставивме легендите, ливадите, лошините,
зареците, клетвите, благословиите,
дотековме како пролетен порој — одненадеж,
за да мy станеме квасец на градот,
за да му станеме озон на градот,
за да му станеме фермент на градот,
за да го помакедончиме Скопје —
Ој, Македонијо, малодушна и кибарна,
кај ти е без нас алот!

Дотековме во град по весници, по cтpyja,
пo телевизори, пo стадиони, no кина,
пo бањи домашни, по чисти клозети, по тротоари,
дојдовме за да дринчиме секој први
пред благајните,
дотековме, дотрчавме, доклинкавме, —
Ој, Македонијо, кај ти е без нас алот!

Ој, Македонијо, градска и социјалистичка,
натема ти го селото обескозено,
обезлуѓено, како по чума поморија,
Ој, Македанијо, сo пет епископи
и илјада икони испокрадени,
Ој, Макадонијо со сојузни министри
и судбина на периферија.
Ој, Македоиијо, со јоги душеци, со терени за скијање,
со пленуми, со црква автокефална,
со тела самоуправни, со штедни книшки,
со приватни земјоделци, со коли половни,
со сметки девизни, со дефицитарно осигурување
со први домати во Републиката,
со четиринаесет академици, со безброј политичари,
со евтин зеленчук, со таан-алва,
со голем број дипломи и со ниски плати,
со две затворени граници, со трета хипокритска
и четврта замислена, —
Ој, Македонијо на конкурси и конгреси,
на два Илиндена и филмови нетитлувани
на македонски, —
О, Македонијо, пленумска, синдикална,
од лани уште синодална, автокефална,
колку ќе биде платен тутунот годинава?
Колку (кредит ќе ветат банките?
Колку ли уште приватни крчми ќе отвориме?
Колку девизи надвор ќе депонираме?

Ој, Македонијо, со голем број неписмени,
со академија на науките и уметностите,
со беспрекорна грижа за народностите,
со мал тираж на весници, со многу пензии,
колку навистина ќе биде платен тутунот?

Ој, Македонијо, кај ти се селата мијачки?
Кај се Помаците? Кај се ветросаа?
Кај се Егејците? Кај се витосаа?
Ој, Македонијо, распослана од Узбекистан
до Анадолија, Канада и Австралија,
од Балтик до Карпатите,
до немај-каде, до глувчина дупка,
до канцелариите на бирократите.
Ој, Македонијо, не пати за Патакос,
многушто уште ќе доживееме!
Ој, Македонијо, пушти го родот нека се растура
небаре семето Хамово, небаре проколнатици.
Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат
а безработните ќе трагат пo работа.
Ој, Македонијо, науми почит кои мртвите,
збери ги коските на своите закубеници,

коските Мисирковите, коските Цепенковите,
коските Ѓорче Петровите,
прибери ги во Скопје,
покpaj Гоцевите, покрај најсветите,
и крени крај нив паметник
на неродениот Македонец —

Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!

Почивај во мир Гане, и камо нашава Македонија да има повеќе луѓе како тебе...

5 comments:

  1. Бог да го прости.Вечна му памјат и големо благодарам за се` што „помакедончи“.Нормално-Каце.

    ReplyDelete
  2. Штета само што не домакедончи, ама тоа ни Господ не може...

    ReplyDelete
  3. Можеме ние, ама не ни даваат.Затоа редно е сами да си земеме и да се „домакедончиме“ конечно.Да сме или ич да не` не биде.Се изморивме од докажување на другите.Доста се молитви, треба мотики.(или мотки, сеедно, ќе завршат работа и едните и другите)

    ReplyDelete
  4. Никој не нè спречува, сами сме си виновни. Еве на пример, барем ти знаеш колку македонисти од кај нас во училиште македончат??? Тоа сè кажува!

    ReplyDelete
  5. Па затоа бе Бибе , мотки.Ќотекот (овој пат ментален) од рајот излегол.Македонија има 4 страни од кои може во секое време да се излезе.Нека повелат.

    ReplyDelete