8.12.09

Бугарска историја

Иако ние едвај си ја познаваме сопствената историја за нас е неопходно да ја познаваме историјата на соседите. На тој начин најмногу ќе се приближиме кон себе, кон сопствениот корен и кон вистината. Треба да ги согледаме нелогичностите, да бидеме објективни колку што можеме (зашто секој повеќе или помалку е субјективен). Но никако не смееме да дозволуваме некој да ни го сервира она што му одговара, а ние од незнаење да го прифаќаме како вистинито. Најодвратно се чувствувам кога читам за обединување.


Бугарите, исто како Грците не сакаат да не освојат, тие само „сакаат да не обединат со нив“!!! А какво е тоа обединување кога еден од обединувачите не сака ни да слушне, а камоли да се сложи?

Ќе започнам со бугарската историја, особено оној дел кога се создала бугарската нација. Затоа одвојте триесетина минути да ја прочитате накратко бугарската историја (од бугарски извори) и така ќе можете подготвени да полемизирате.



Прв дел - создавање на Стара Велика Бугарија (632-680)




Стара Велика Бугарија е создадена 632 година од владетелот Кубрат (од родот Дуло). Ја опфаќала широката територија северно од Црното Море, односно меѓу Кафказ, Волга и Карпатите.





Траела триесетина години, а Кубрат им оставил аманет на трите сина да не го делат царството. Најстариот, Батбајан го презема престолот, а другите двајца тргнуваат по сопствени патишта. Котраг оди кон север каде ја основа Волговска Бугарија, а Аспарух кон запад, кон делтата на Дунав, каде ја основа Дунавска Бугарија.


Првите бугарски владетели се со титулата кан - хан ( за да биде јасно потеклото на титулата хан) - карактеристична за старите Бугари кои се од татаро-монголско потекло.



Втор дел - Првото Бугарско Царство (680-971)



Основач на Првото Бугарско Царство е канот Аспарух. Тој по распаѓањето на Стара Велика Бугарија дел од старите прабугарски племиња ги доведува на територијата од денешна Бесарабија и Добруџа. Води војни со хазарите на исток, но не успева да ги задржи териториите на Волговска Бугарија. Затоа се насочува кон југ каде потчинува дел од словенските племиња. Син му, канот Тервел, воспоставил дипломатски односи со Византија и бидејќи му помогнал на Јустинијан Втори да го задржи престолот, тој му ја дал богатата област Загоре. (Бугарите, со нивните добро познати „факти“ го форсираат Кубер или бугарски кој избегал и се населил во близината на Прилеп и таму создал некаква „Куберова Бугарија“ која никаде во историјата - освен во бугарската, не е запишано. И од тука им поаѓа тезата дека на територијата на Македонија отсекогаш живееле древните Бугари кои требале да се обединат со Дунавска Бугарија, а и ден-денес тоа обединување никако да им се оствари).

По Тервел кановите често се менувале (поради превласт и интриги) и царството почнало да пропаѓа до доаѓањето на канот Крум.

Во 808 година канот Крум оди на поход кон југ. Во 809 година ја зазема важната тврдина Средец (денешна Софија). Се обидува да воспостави мир со Византија, но тогашниот император Никифор Први, ја освојува бугарската престолнина Плиска, седиштето на бугарските канови, ја опожарува и целосно ја уништува. Крум за освета ја собира целата своја војска и оди на Врбишкиот поход. Настанало страшно колење, каде освен Никифор Први, византискиот император, убиени се и сите угледни византиски христијани. Крум од черепот на Никифор направил чаша обложена со сребро што според Бугарите не е варварски чин туку мила скитска традиција. Здобивајќи се со воен углед, а и предизвикувајќи страв кај месното население, тој лесно освојувал територии населени со Словени кон југ. Тогаш воспоставил цврста држава со строги закони не правејќи разлика меѓу Прабугарите и Словените - односно сите ги направил Бугари (впрочем како и денес - сите што живеат во Бугарија се Бугари!). Неговиот син, Омуртаг, склучил триесетгодишен мировен договор со Византија, а неговите наследници, Маламир и Пресијан, кои владееле од 831 до 852 година продолжиле со ширењето кон југ и југозапад кога кон Бугарија ги присоединуваат Егејска Тракија и дел од Македонија.



Канот Борис (на линкот се гледа колку самите великобугари како создавачот на овој сајт се на мојата линија на размислување, а потоа си вртат на друга страна без аргументи. Прво Борис е предавник, а потоа основач на бугарската нација. Не се нервирајте при стискањето на македонскиот превод на сајтот), значи Борис, имал потешкотии со зачувувањето на териториите и војувал на југ со Византија, односно со Брегалничката тема каде управител бил Методиј (братот на Кирил - во време на создавањето на глаголицата) и на север со Германските Кралства. За време на Моравската мисија (ширење на христијанството меѓу Словените на словенски јазик и на глаголица) организирана од Византија, а под раководство на Кирил и Методиј, Борис, за да го зачува престолот прифаќа во Бугарија официјален јазик да стане словенскиот и целото население да се христијанизира. Како реакција на оваа негова одлука се крева бунт и 52 аристократски рода (семејства) тргаат кон престолнината. Но Борис немилосрдно ги убива! Всушност ја уништува речиси целата стара бугарска (прабугарска, од несловенски род) аристократија. Самиот тој се покрстува и ја прима титулата кнез и името на неговиот кум, Михаил и се повлекува во манастир. За наследник го назначува синот Расате - Владимир кој сакал да ја врати старата вера и јазик. За казна, Борис го ослепел и го фрлил во затвор. За нов кнез е избран Симеон (893), а престолнината од Плиска е префрлена во Преслав (населен со Словени каде имало помалку опасности од бунтови на старобугарите). Симеон продолжува со воведувањето на словенството и христијанизацијата како и со ширењето на териториите на Бугарија кон југ.




Ја освојува територијата на денешна Албанија, голем дел од Грција и стигнува речиси до Константинопол (Истанбул). Пред смртта се прогласува за цар на сите Бугари и Ромеи (денешно Грци).

По неговата смрт (927) на престолот седнува син му Петар Први кој склучува мир со Византија која му ја признава царската титула и патријаршијата на Бугарската црква. Но, во државата настанува политичка криза зарди нападите од север (од Руси и Маџари-Унгарци) и христијанска, кога се појавуваат т.н. ереси, како што е богомилството.

По смртта на Петар (969) царството западнало во криза, се смениле неколку цареви, но Византија ги завладеала цела Тракија и Мизија, како и престолнината Преслав, а на север териториите ги освојувале Русите.

971 година круната на Борис Втори му била одземена од Византија. Со ова престанало да постои Бугарското Царство!!!

Според историскиот извор кои Бугарите го наведуваат, византискиот хроничар, Јоан Скилица рекол: комитопулите Никола и синовите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил „си играле востание и внесувале збрка во Бугарското Царство“ - недвојбено е јасно дека тие биле против Царството. Сепак, според нив Самоил е продолжувач на Бугарското Царство кој за цар се прогласил 997, а за престолнина го избрал Охрид. Тој не бил од традиционалниот род на бугарските канови (не бил Бугарин), туку бил од династијата на комитопулите (децата на комитите)!

За овој период од историјата од сето што си го кажуваат самите Бугари недвосмислено може да кажеме дека:

1. Византија го наметнала словенството во новата бугарска држава,
2. го сменила јазикот,

3. ја сменила верата,

4. го сменила народот - се измешале прабугарите со Словените (и сите станале Бугари).

5. тие од старата територија го донеле само името, а целокупната култура со извесни остатоци од прабугарската ја презеле од староседелците.

Па, според тоа, какви Бугари се - Кирил и Методиј, Климент, Наум и останатите? - тие се само жители на освоена територија во временски период од осумдесетина години. И тие години им даваат за право на Бугарите да се сметаат за основачи на словенството, а бугарскиот јазик да го сметаат и наметнуваат за основа на сите словенски јазици? Многу смешно! Само не ми е јасно кој бугарски јазик? Прабугарскиот или јазикот на македонските словени кои кратко време биле под нивна окупација?
(Пасусов се наоѓа на - А следователно почти всичко специфично българско онова, по което нашият народ се отличава от другите народи, е дошло от изток и е донесено от древните българи - изселниците от Памир и Хиндукуш. Българинът е българин, затова, защото в него се е вляла и кръвта и говорът на древните българи. Той е наследил от тях не само тяхното име, но и най-важните особености на техния език. И българинът никога няма да опознае себе си, докато не се обърне към старинните думи, донесени откъм Памир и Кавказ. В тях е скрита тайната на неговия произход, неговата най-съкровена и свещена отлика от останалите народи.)





Трет дел - Втора Бугарска Држава (1185-1396)



Втората Бугарска Држава е феудална држава создадена по востанието на Асен и Теодор (Петар) против Византија.

Тодор (Теодор) се прогласува за цар 1185 година, и се преименува во Петар за да го нагласи продолжувањето на Првата Бугарска Држава. По него власта ја презема брат му Иван Асен Први кој е убиен во заговор 1197.

Царот Калојан (1197 - 1207) е најмалиот од тројцата браќа кој успеал да ги истера Унгарците од североисточна Бугарија и во 1202 година воспоставил мир со Цариград. И него го убиваат во заговор, а престолот го презема Царот Борил. Еве што вели нашиот историчар Александар Донски за сличностите на македонскиот и бугарскиот народ и за владеењето на Калојан:


КАЛОЈАН ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНИЈА
Овде сами по себе се поставуваат прашањата: чија земја уништувал суровиот Бугаро-азијат (со крстено име) Симеон и чии жени силувале припадниците на неговите војски? Зарем тие си ги силувале сопствените ,,сонароднички" во колку наводно ние Македонците сме биле етнички Бугаро-азијати? Тоа ли е ,,најромантичниот период" од бугарската историја? Нека размислат за ова големобугарските пропагандисти, но и нашите одродени јаничари.За разурнувањата на бугарски цар Калојан (кој од Византијците бил наречен Скили-Јован, што значи Куче-Јован) во Македонија, македонскиот средовековен писател Владислав Граматик (кој живеел во Рилскиот манастир) напишал:"Тој Калојан за време на секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустошеше македонската земја и извршуваше многу жестокости врз населението. Засолништата им ги рушеше до темел, а многу народ одведе во пленство и го пресели преку Дунав." Овој документ е објавен во бугарска книга (Петар Ников: Материали за средновековната истори® на БÍлгари® - ПСп, кн. 55-56, с. 250), а од него гледаме дека бугарскиот цар Калојан не го заборавил стариот азијатски обичај да плени народ и да ги води плениците далеку од своите родни огништа. За несреќите што бугарскиот цар Калојан им ги нанесол на Македонците потресни сведоштва дал и византискиот писател Никита Хонијат:"Најправилно би било да се каже дека никогаш досега човечко око не е видело, ниту човечко уво не е слушнало, ниту пак такво нешто е дошло до човековото срце, како што беше тоа што Куманите и Бугарите го направија за време на нивните налети. Големите, познати и дотогаш многунаселени градови, прекрасните села околу нив, уредно обработените полиња и ливади, цветните градини, кои изобилуваа со плодови поради нивното напојување од околните рекички, високите дворци, преубавите уметнички соѕидани и насликани со разни бои палати, удобните бањи, натежнатите од плодови лозја, обилните со жетва ниви и илјадници други предмети, кои се производ на различни сезони, кои ја радуваат земјата и кои го прават нашиот живот во неа пријатен, сладок и посакуван - сето тоа, откако населението беше истребено, стана живеалиште на ежови и на диви животни. Ако некој можеше да фрли само еден поглед на сето тоа - исполнет со болка - ќе се удреше во градите и со солзи во очите ќе кажеше дека го видел рушењето на вселената... Во мојот јазик не постојат такви изрази, кои ќе бидат доволни за детално и целосно набројување на сите тие многубројни злодела."И ова потресно сведоштво за уништувањето на македонската земја, македонскиот народ и македонската култура од страна на бугарскиот цар Калојан доволно зборува за тоа колку ние Македонците и Бугарите сме биле ,,еден народ." За пустошењата на цар Калојан во Македонија, постои и сведоштво, од Дејанијата на Свети Димитрија, објавено во книгата Христоматија по историја на Бугарија (Софија, 1964), каде,на стр. 273,пишува :"Тогаш владетел на Бугарите бил Калојан... Тој,откако ја пребродил цела Македонија, ги опустошил сите области, до темел ги срушил основните крепости, пљачкосувал и го испустил и преселил целото население покрај брегот на реката Дунав - со еден збор, го престорил во пустина секое место што го нападнал. Потоа тој незадржливо се упатил против Солун, заедно со својата војска, која била побројна и од морскиот песок и која се состоела од: Бугари, Кумани, Татари, Хазари..."


По десетгодишно прогонство синот на Иван Асен Први се враќа за да си го земе она што му следува. По седуммесечна опсада на Трново (тогашната престолнина) Иван Асен Втори успева да го преземе престолот од царот Борил.

Во негово време (1218-1241) Бугарското Царство доживува подем кога се проширува и ги освојува Белградската и Браничевската област, а заради мир со Унгарците тој се жени со Ана-Марија, ќерка на унгарскиот крал Андраш Втори.

По смртта на Иван Асен Втори, царството почнува да назадува поради недостаток на силен владетел и поради постојаниот притисок од Србија и Унгарија.

Територијата на Бугарија видно се намалува во периодот на владеењето на Иван Александар Четврти (1331-1371) за на крајот тој да го подели царството на два дела, на своите два сина: Иван Шишман (Трновско Царство) и Иван С(т)рацимир (Видинско Царство). Тие двајцата се последните бугарски владетели пред потпаѓањето под Османлиската Империја во 1396 (а според некои бугарски извори траело до 1422 - ама не можев да најдам кое е тоа траење; веројатно нешто слично како Самоил, само негде зад Карпатите, бидејќи Бугарија е голема та дури крајот не можеме да им го фатиме - на која Бугарија мислат).

Во овој период од бугарската историја, македонската територија и народот кој живеел на неа бил покоруван и опустошуван 40-тина години (или според моите пресметки ни половина ден). И јас навистина со ништо од оваа историја не можам да се поистоветам. Ниту Асен, ниту Калојан, ниту Шишман, ни Страцимир ми се блиски, ни според она што го направиле, ниту според името што го носат. Ваквите имиња си имаат традиција во Бугарија, но во Македонија тие не се вообичаени.








Четврт дел - ослободување од османлиското владеење




Како и целиот Балкан, така и Бугарија долги години (векови) била во составот на Османлиската Империја, односно, од 1396 до 1878 година.

До 1878 година Бугарија спаѓала во Отоманската провинција Румелија. Таа година Русија, под изговор дека сака да ги ослободи своите словенски браќа, а всушност сакајќи да создаде свој сателит на Балканот, решава да направи голема бугарска држава. Во десеттата Руско-турска војна (1877-1878) ја освојуваат Софија и во Сан Стефано на 3.3. 1878 се потпишува договор меѓу Русија и Турција каде е создадена Голема Бугарија која ја опфаќала територијата на Македонија, Мизија, Тракија и Добруџа.





На Британската Империја, а и на соседните држави (Србија и Грција) не им се допаднала таква голема балканска држава, па на Берлинскиот конгрес во јуни/јули истата година е одлучено Македонија и Тракија да останат во Османлиското Царство, а јужниот дел од Бугарија, Источна Румелија, под османлиска управа. (Бугарите уште го живеат овој тримесечен сон што им го овозможи тогаш мајка - Русија и во сите нивни истории на преден план е Сан-Стефанска Бугарија за која се уште се борат).

На овој начин е создадена т.н. Третата Бугарска држава.











Големите сили за кнез на Кнежеството Бугарија (Третата Бугарска Држава) го поставуваат Германецот Александар Први Батенберг. Стремежот на Бугарија за ширење на границите продолжува и понатаму. Она што го добила од Русија со Сан-Стефанскиот договор, таа и ден-денес го бара.

Бидејќи во меѓувреме и Србија станала самостојно кнежество, приоритет им било да си ја решат меѓусебната граница. Така започнува Бугарско-српската војна, а завршува со Букурешкиот договор од 1886 со непроменување на границите без разлика на исходот од воените дејствија и со придобивка за Бугарија - своеволно приклучување на Источна Румелија (всушност со поддршка на Русија).

1887 кнез на Бугарија станува Фернинанд Први Сакс-Кобург-Готски (кој изиграл голема улога во распарчувањето на Македонија).

1908 година, откако Австро-Унгарија ја анектирала Босна и Херцеговина, Русија ја поддржала Бугарија која сега вистински ја добила својата независност (и признавање на анектираната територија на Источна Румелија), а титулата на Фернинанд од кнез била променета во цар. Така настанало Царството Бугарија.

Во ова време (па и ден-денес) Балканот бил (и е) европска (и светска) кројачка работилница. Големите сили (Русија, Британската Империја, Франција, Австро-Унгарија) кроеле, а малите мајсторчиња (Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора) шиеле. Шиењето и крпењето на Балканот доживува врв за време на Балканските војни.

Всушност, Првата Балканска војна била за да се расчисти теренот од остатоците на Османлиската Империја и затоа во неа се здружиле Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора (Македонците се бореле претежно од страната на Бугарија зашто тие ветувале автономија за Македонија). Војната завршува со Лондонскиот мировен договор во кој Македонија и Албанија требале да добијат автономии под управителство на Турција.

Незадоволни со ваквиот исход, практично недобивајќи нови територии, балканските држави само по еден месец (1913 г.) ја започнуваат Втората Балканска војна. Всушност, војната се водела меѓу Бугарија од една страна и сите други (Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција) од друга страна. Бугарија очекувала, како и до тогаш, помош од Русија, но овојпат мајка-Русија ги посинува Србија и Грција. Војната завршува со Букурешкиот мировен договор (кога за првпат од светските карти е избришана Македонија).

Следуваат Првата и Втората светска војна во кои Бугарија е секогаш на поразената страна. Во Првата светска војна (1914-1918) Бугарија е на страната на Централните сили со Австро-Унгарија, Германија и Турција, а против Србија, Русија, Франција, Велика Британија (и многу други помали).


Во Втората светска војна (1941-1945) Бугарија е на страната на Германија, Италија, Јапонија, Унгарија, Романија и др. За време на војната, додека сојузниците победуваат Бугарија повторно доаѓа до територијата на посакуваната Санстефанска Бугарија. По Втората светска војна, границите на Бугарија се исти како денешните, само доживува внатрешни политички промени. Од 1945 г. до 1989г. таа е Народна Република Бугарија, а од 1989г. Република Бугарија.

No comments:

Post a Comment