Сите знаеме дека Кирил и Методиј потекнуваат од Солун, од угледно византиско семејство. Во нашите истории и текстови во врска со браќата редовно се нагласува дека тие биле Грци, ама го знаеле словенскиот јазик?!? Понекаде се провлекува претпоставката дека можеби мајка им била Словен, па затоа знаеле словенски?!? Но, во „Панонските легенди“ јасно е нагласено дека „сите солуњани зборувале чисто словенски“!
Создавање на глаголицата
Познатата Моравска мисија пред која Кирил ја создал „првата“ словенска азбука била чисто политичка (и религиозна) мисија.
Византија сакала да ги зацврсти своите позиции од опасното ширење на Бугарското царство. Ростислав, пак, кнезот на првата словенска држава Велика Моравија сакал да се заштити од ширењето на Германските Кралства. Ширењето на христијанството бил најдобар начин да се зближат Словените кои живееле во овој широк појас меѓу Византија и Велика Моравија. Бугарија, иако сега бесрамно тврди дека Кирил и Методиј се Бугари во тоа време воопшто не била христијанска ниту словенска држава.
Првото бугарско царство било формирано со проширување на Стара Велика Бугарија на териториите јужно од реката Дунав и се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за првпат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога потпаѓа под Византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога со Царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на Словенска Европа, како и во една од најголемите држави во Европа (од Википедија) Во оваа смисла е вистинито дека Кирил, Методиј, Климент, Наум и другите ученици биле Бугари. Со проширувањето кон југ и запад териториите на денешна Македонија влегле во Царството. Автоматски жителите на тие територии станале Бугари. Но,тоа биле територии населени со Словени, а сржта на Бугарското Царство го сочинувале туркстански племиња.
Прабугарите биле номадски народ кој живеел во централна Азија и зборувал прабугарски јазик. По нивното доаѓање на територијата на денешна Бугарија настанал процес на мешање со словенското и другото население коешто живеело на тие простори. Преку еден таков етногенетски процес настанат е денешниот словенски бугарски народ. И самата Бугараска Академија на Науките тврди, дека средновековните Бугари се туркско племе, со свој мајчин туркиски јазик. Најголем доказ за ова се чекорите кои ги правел Борис. Тој прво склучил сојуз со Лудвиг Германски во 862-863г. и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од Римскиот папа. За да го разруши овој сојуз, Византија во коалиција со Велика Моравија и Хрватска во 863 г. започнала војна против Бугарија. Борис војнички не можел да се спротистави и започнал мировни преговори со Византија по што се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и да се покрсти тој и целиот негов народ. Бугарскиот владетел се покрстил сам, речиси тајно, и го примил името на својот кум, византискиот василевс Михаил. Набрзо тој го напуштил престолот повлекувајќи се во манастир. Неговиот наследник, син му Расате - Владимир не можел да се помири со воведување на туѓ службен јазик во државата кој и самиот морал да го учи и нова религија. Тој почнал да работи за враќање на старите вредности - јазикот и обичаите. Но, Борис не му дозволил и го симнал од престолот поставувајќи го Симеон за владетел, син кој ќе ги слуша наредбите на таткото. Во тој период настанува прогонот на учениците на Кирил и Методиј кои Борис ги примил со раширени раце. Единствено тие учени луѓе можеле да му ја спасат главата од заканите на силната Византија (која сепак ќе ја грабне Бугарија еден век подоцна).
Учениците прават книжевни центри. Но, каде? Само во западниот дел на Царството каде што биле меѓу своите. Бугарија била голема. Зошто не се направиле центри кон исток и кон север? Просто. Таму живеел туркстанскиот бугарски народ кој тешко ја прифаќал туѓата култура и јазик. Таму до 12.-13. век се зборувал тој јазик, а и денес има заедници кои си го чуваат старото наследство. Според ова, Бугарите треба да го проколнуваат Борис и да го сметаат за предавник или да признаат дека Македонските словени итро успеале да им ја словенизираат цела „Велика Бугарија“.
Глаголицата ја создале Македонските словени Кирил и Методиј со надеж дека со примањето на иста религија тие ќе успеат да го обединат целиот свој народ.
No comments:
Post a Comment