Еднаш веќе, на друго место, пишував за империите во минатото. Меѓу другото, како империи ги дефинирав и поновите: САД и поранешниот СССР. Најнова светска империја е секако Европската Унија. Таму власта се централизира и таа престанува да биде единство од повеќе различни нации и култури. Најзиниот стремеж е сите да бидат „граѓани на Европа“ каде сите постепено ќе го загубат својот идентитет. Можеби затоа нив дури им е смешно што ние толку стоиме зад нашиот идентитет - зашто со влегување во Унијата и така ќе го загубиме.
Порано, империите се создавале со освојување територии, држави, со покорување народи и нации и со присилно преименување и ставање под заеднички именител. (На пр. во Римската Империја сите биле Римјани, а денес сите треба да бидеме Европјани?).
Новата Империја (ЕУ) тоа не го прави со класично освојување, туку го прави со економско покорување и со пропаганда.
Зошто Македонците сакаат да бидат дел од Европската Империја?
За првпат никој не не освојува туку ние самите сесрдно се трудиме да влеземе во неа, и уште патиме што „таа не не игра“ и не понижува! Страшно!
Не го пишувам ова за да се утешиме по последната нивна шлаканица, туку зашто така мислам!
Кој од вас знае што вистински се случува во ЕУ, какви се законите, обврските?
Зошто сте сигурни дека подобро ќе живеете?
Ветувањето дека ќе ни дадат некоја паричка не значи подобар живот!
Јас сакам да си останам тука и ваква, да си бидам Македонка со сите мои недостатоци и доблести. Не сакам да ме менуваат и да ми наметнуваат. Не сакам да бидам таква Европјанка!
Погледнете ги сите 6 видеа за Вистината на Европската Унија за да ви стане јасно за што зборувам.
No comments:
Post a Comment