Кој што сака нека каже, ама јас мислам дека љубовта е таа што го движи светот.
Тоа економистите запнале дека парите се тие што го движат, дека конкуренцијата води кон напредок, еден Дарвин кажува за природна селекција - па така демек одиме напред, се чистиме, се требиме... ама не - луѓето изгледа дошле до повисок стадиум - па нив љубовта ги движи напред.
Јас на пример, се правам од љубов.
Повод за моево размислување, се разбира, се случките од денес, поткрепени со искуството од порано.
Како се движев цел ден?
Дали на некој час ќе поминам убаво зависи од взаемната љубов. Учениците или ја праќаат или ја кратат линијата по која пуштаат позитивна енергија. Ако го мразат професорот, тие ги стопираат своите позитивни канали. Јас сум многу среќна што тоа многу ретко го доживувам. Денес беа супер... не стопираа ништо.
Директорката беше на истата линија... се разбираме, и тераме... со љубов и разбирање...
Помошникот на помошникот ја надополни линијата... А јас само си црпев...
Ме матеше единствено грижата и љубовта кон ќерка ми... болна е, како да и помогнам?
Со сета собрана енергија - отидов дома - нејзе да и ја дадам.
Таа е мојот живот на кого животот би и го дала. (Љубов до смрт).
Ја напоив, ја средив и решив да одмарам. Книгата што ја читав, досадна ми стана и земав во раце нешто друго...
Сид од Корнеј...
вртам позади и читам...
„Со скрита љубов болката е двојна
И чуј ме веќе, чуј каква борба водам
И мојта чедност од љубовта ја бранам.
Не жали ништо и тиранин е она:
Тој младич строен, тој љубовник и рицар,
Го љубам.“
И чуј ме веќе, чуј каква борба водам
И мојта чедност од љубовта ја бранам.
Не жали ништо и тиранин е она:
Тој младич строен, тој љубовник и рицар,
Го љубам.“
многу, многу јако,
само порака од една корица...
Се е љубов...
Секој мој чекор во одмор и тага...
во радост и среќа...
во мир и немир...
во сон и јаве...
во занес... или вистина...
Тоа е...- ден исполнет со љубов...
А што друго го движи светот, ако не љубовта?
taka e profesorke, i jas pravam se od ljubov :D
ReplyDeleteДа,се е љубов.Само таа се враќа во кармичкиот циклус двојно,тројно.....Кога и да е.Каце.
ReplyDeleteтака и треба браво професорке. ако не е така не знам што би било!
ReplyDelete