Мојот дедо Симче живееше во село, тетовско. Тој е татко на татко ми.
Веќе дваесетина години не е меѓу живите, ама јас многу убаво се сеќавам на него.
Незаборавни се летата кога сите братучеди се собиравме во село, се капевме во Вардар кој течеше во нашиот двор, собиравме дудинки, ловевме риби, гледавме како старите печат ракија, правевме журки во старото напуштено селско училиште, и што уште не...
Убаво се сеќавам и на ликот на дедо ми, на неговиот глас, на приказните што ни ги раскажуваше, на облеката која ја носеше.
Тој никогаш не облече модерна облека. Секогаш си беше во „селското“, како што самиот велеше, зашто беше навикнат на тоа. Меѓу другото, тој секогаш имаше една црна капа, слична на шубара, само позашилена и висока. За жал, немам ниту една слика од него со капата, но е иста таква каква што носеше Александар Сариевски.
Таа капа ја има во нашите народни носии и многу е специфична, не сум ја видела кај други:
И, што има врска? Епа можеби нема, ама дедо ми и античкиот македонски војник носеле ист вид капа.

No comments:
Post a Comment