Не можеш на сите да им погодиш, па тоа ти е...
Некој сака да се слика, некој не. Некој сака да зборува, некој не. Некој поднесува шеги на негова сметка, некој не (почесто).
Ставена сум во ситуација што морам да балансирам.
Но, овде... на овој МОЈ простор не морам.
Инаку, не сум тип што сака да им се додворува на другите, да ласка, да кажува она што не мисли (може да преќутам, ама не и да излажам).
Мои вистински пријатели се оние што може да ме трпат ваква каква што сум.
Вчера, од работа бевме на новогодишна прослава. Кога сликав повеќемина очекуваа дека ќе пишувам нешто на ГУЦ блогот, не знаејќи дека тоа повеќе не го правам.
Прославата беше супер - весела и богата. Тоа е секогаш како свадба, па тие што не поднесуваат такви прослави брзо си заминаа.
И јас не ги сакам, но си наоѓам занимации. Си пијам, си пушам, сликам и гледам сеир.
Да си кажам јас за вечерта...
За првпат во историјата на нашата работна организација, оние луѓе кои годинава придонеле за развојот и афирмацијата, беа јавно пофалени (со благодарници) и парично наградени.
(На сликите само пријателките, да не се најдат навредени другите ако ги сликам):
Потоа си почнаа ората (малку премногу српско за мој вкус, ама кој ме прашува мене?)
Може затоа „пепси друштвото“ е толку весело...
Забавата продолжуваше...
малку Александар со караоке...
малку трубачи на увце...
и така, до ниедно време...
Затоа (?!?) денес цел ден не ми се стануваше од кревет...
Што да кажам.Толку беше супер што и не станав од кревет.Да не заборавам-фала за наградата.Јас.
ReplyDeleteSuper bese !!! Luda zabava, no, pak da ja povtorite!!!
ReplyDelete,,Пепси друштвото,,.........
ReplyDeletetop pepsi drustvoto ........ bez komentar ostanavvv neli? mora da mi potvrdite!!
ReplyDelete