27.12.09

Енциклопедијата

Не сакам да ги критикувам Македонците, ама морам.
Колку само се омаловажуваат, се сметаат за неважни, ништожни, колку само си зариваат нож в грб едни на други. Страшна работа.
Одамна не сум чула зборови на поддршка. Никој кон никого. Секој само критикува. И уште еднаш, страшна работа...
(Хе, хе, јас не сум баш Македонка па знам и да фалам и да поддржувам, и затоа им се чудам на останатите).
Муабетот ми е за енциклопедијата.
Многу се израдував кога излезе. Доцниме 4 века по Дидро, ама сепак излезе наша енциклопедија. Душата ми се наполни, ама за кратко (многу, многу кратко)...
Почнаа сите дрва и камења да фрлаат по Блажета наш. Го разбирам човекот (од дното на душата). И јас еднаш направив, т.е. напишав книга со благородни намери. Никогаш во животот не сум се чувствувала поодвратно. За два дена станав државен непријател бр.1. Како се осудувам? Како смеам јас да пишувам? Која сум јас? Колку учебници сум напишала до сега?
Па ми ја забрануваа книгата???????? Зашто им влегов во бизнисот? (Не ја забранија, ама уште одобрението стои во фиока).
Па ме пишуваа по весници, резил ме направија. За што?
Само затоа што сакав, ако можам да им помогнам на учениците од средните стручни училишта, кои немаат учебници, да имаат од каде да се подготвуваат за матура.
Не се откажувам јас од мојата книга, но за да им биде подостапно на моите ученици (кои се уште немаат книги!!!!) сега лекциите им ги пишувам на блог. Не можете да си замислите какви коментари ми стигаат!!! Што им е на луѓево (луѓе ли се или змии?)?
Чувствувајќи го ова на своја кожа, сакајќи и почитувајќи го Блаже цел живот, навистина сочувствувам со него.
И кога во една емисија ги кажа зборовите: (ќе парафразирам)
„Јас го создадов моето последно и најзначајно чедо за мојата Македонија. Тоа е родено, никој не може да го уништи. А ако успеав во главната цел: Македонија и мојот народ да си го најде вистинското место во светот, тогаш мирно можам да си го барам моето место во Бутел“. (Милиот Блаже)
А, за тие што ги интересира, еве го неговото чедо: Македонска енциклопедија

No comments:

Post a Comment