Некој следен пат ќе ги испофалам професорите, но сега, бидејќи поводот е веб-страницата ќе ги фалам учениците.
Прво, еве ја врската со нашата нова ВЕБ-СТРАНИЦА.
Освен страницата, Дамјан е вклучен и во многу други активности. Глуми во претстава, го уредува училишниот весник, држи часови за веб-дизајн итн.
До Дамјан стои Томче. И тој, на друг начин, дава многу за нашето училиште. Глуми во сите претстави, глуми во филмот што го снимаме (понекогаш тресе глупости на „Ѕвон“), но го претставува училиштето на најдобар начин.
Тука, не смаем да пропуштам да ги пофалам Иван и Калина од А4а. Иван е вистински фото-уметник, а Калина е неговата подобра страна. Без нив немаше да постои весникот на ГУЦ и сите интересни фотографии (како и насловната фотографија на веб-страницата), и сите добри текстови.
Нема да го пропуштам и Гаврил, кој исто така учествува во создавањето на фото-сториите, кој учествува во сите натпревари, семинари, работилници и кој ни е претседател на младинскта организација.
Има и многу други, кои сега ќе ми простат што не сум ги спомнала, но ќе ги спомнам следниот пат. Сепак, овие неколкумина се носители на нашите проекти.
И, пред да ја завршам приказнава, само уште нешто...
Пред некое време им предложив, односно им дадов задача на учениците на кои им предавам, да направат блогови со било каква содржина. Имаше доста убави блогови, но никој не се потруди да го заокружи блогот, да го дополни со повеќе содржини. Затоа ќе издвојам само два блога кои ми се допаднаа:
И групата ГУЦ на фејсбук создадена од Ајро.
heh jas ne praam na zalost blogovi nego samo web strani ama vo momentov nemam treba sega nabrzo da otvoram :))
ReplyDelete