13.12.09

Многу сакам блогови

Секое утро, првото нешто што го правам е вклучување на лап-топот со желба да видам што има ново. Но, не по весниците - туку по блоговите.
Навистина, многу сакам блогови.
Таму го гледате одблесокот на актуелните случувања, човечкото восприемање на дневно-политичките глупости.
На блоговите ја гледате отворената душа на блогерот.
Не сакам да дискриминирам, ама веројатно бидејќи сум жена, многу повеќе ми се допаѓаат женските блогови. Тие секогаш отворено го кажуваат своето мислење, не пишуваат заради себепромовирање, не промовираат туѓа политика, и освен за истресување на душевните болки тие најчесто го прават тоа и за повозвишени цели - за својата татковина. Не е дека нема и машки што го прават тоа - но кај нив изостанува душата (барем јас тоа така го гледам). Веројатно тоа е така заради природата на нештата.
И, уште нешто ми се допаѓа кај жените: кога ќе се разгорат коментарите, секогаш жените гледаат да ги смират страстите, да ја спуштат топката на силно разиграните машки фудбалери.
Поздрав до сите блогерки (добро и блогери, зашто без нив не се може) кои ги читам (и до тие што се уште не сум ги пронашла). Еве само едно делче од нив:
(малку феминистички, ама денес така ми дојде)

No comments:

Post a Comment